Крем бруле

Мени: Десерти

Алергени: Млечни производи, Јајца
Средно

Луѓе

Состојки


павлака за готвење
500 мл
жолчки
6
ванила стапче
1
шеќер
80 гр
кафеав шеќер
2 лажица

Подготовка

  1. Во сад мешаме жолчки и шеќер и пенесто ги матиме со електричен миксер.
  2. Стапчето ванила го сечеме по должината и со врвот на ножот ги вадиме семките. Семките ги додаваме во слатката павлака и готвиме на средно силен оган со постојано мешање, додека не се појават првите меурчиња. Топлиот крем постепено го додаваме на смесата од жолчки и шеќер. Матиме додека не добиеме компактен крем.
  3. Кремот го распоредуваме во 6 керамички или стаклени садови до 2/3 од нивната висина и ги покриваме со капаци или со алуминиумска фолија.
  4. Садот за печење до половина го полниме со топла вода и садовите со крем ги ставаме во него. Садот со вода и со садовите во него го ставаме во рерна.
  5. По готвењето, кремот „бруле“ го ставаме да отстои во фрижидер најмалку 2 часа. Пред да го сервираме, рамномерно наросуваме кафеав шеќер врз кремот и го карамерилизираме со кујнски пламенофрлач или во рерната на многу висока температура.

Изберете ја Вашата рерна: :

Понатаму "Десерти" рецепти