Gorenje интернет продавница
Производи од Gorenje
Повеќе
Тајноста на Вашите податоци е заштитена и осигурана со употребата на SSL-енкрипцијата.
Страниците за наплата преку Интернет се осигурани со користење на протоколот Secure Socket Layer (SSL) со 128-бит енкрипција на податоците. SSL-енкрипцијата е постапка на шифрирање на податоците поради спречување на неовластен пристап при нивниот пренос.
Cо тоа се овозможува сигурен пренос на информациите и се оневозможува недозволен пристап до податоците при комуникацијата помеѓу компјутерот на корисникот и порталот за плаќање на Банката и обратно. Продавачот не ги меморира броевите на кредитните картички и броевите не им се достапни на неовластени лица.
Достапен им е само бројот на авторизираната трансакција. Купувачот е самиот одговорен за пристапот кон својот систем и самиот ќе се погрижи за сигурноста на корисничките податоци и шифри. Купувачот дава гаранција за точноста и за вистинитоста на сите доставени податоци и на продавачот ќе му одговара за штетата која е направена поради неточните односно невистинитите податоци.
Политика и услови на доставување:
1. Доставувањето се врши исклучиво на подрачјето на Република Северна Македонија.
2. Доставувањето на производите е бесплатно до првиот влез на домот на клиентот ако вредноста на производите е повисока од 850 денари со ДДВ. За производи до 849 денари со ДДВ се доплаќа достава во износ од 100 денари со ДДВ ако плаќањето на производите е онлајн со картичка или вирмаски. За производи до 849 денари со ДДВ се доплаќа достава во износ од 130 денари со ДДВ ако плаќањето на производите е во готово при преземање. Плаќањето се врши кон договорниот партнер при достава/наплата на производот. Доколку нарачката биде вратена од курирската служба поради неуспешен обид за контактирање на клиентот, а клиентот сака да ја добие истата, трошокот за испорака е на товар на клиентот.
3. Нарачката ќе биде испорачана на наведената адреса во период од понеделник до петок од 8 до 16 часот и во сабота од 9 до 14 часот , преку Службата за доставување „Пост Експрес Македонија ДООЕЛ Скопје“, на ул. „Пролет“ бр. 31, 1000 Скопје, кој е договорен партнер на продавачот.
4. Доставувањето се врши до првиот влез на станбениот објект, куќата или зградата, односно деловниот објект на договорената адреса која купувачот ја навел во нарачката, а до која можно е да се дојде од јавна сообраќајна површина со превозно средство (камион, комбе). Ако не е можно да се пристапи до наведената адреса, доставувањето ќе се изврши до најблиското место за истоварување кое е претходно договорено со купувачот.
5. Доставувањето не вклучува внесување на производи во станбените и деловните простории.
6. Доставувањето не ја вклучува услугата за монтирање и ставање во употреба на производот. За вклучување на производот во употреба, што не е вклучено во цената на производот, потребно е да му се обратите на Продавачот на единствениот телефонски број 02/3299-111 во овластениот сервис на Горење во Република Северна Македонија.
7. Купувачот се известува за точниот датум на доставување.
8. На денот на договореното доставување, купувачот ќе контактира со службата за достава заради најава на доаѓањето.
Неуспешно доставување/ примопредавање:
Ако доставувањето е неуспешно по вина на Купувачот или Купувачот одбива да го прими производот од неоправдани причини, доставувачот ќе му го врати производот на продавачот на неговата адреса и ќе му достави сметка. Продавачот, веднаш, а најдоцна во законскиот рок од 15 дена, ќе ја врати цената која ја платил Купувачот намалена за ефективниот трошок на транспортот што Продавачот го платил на доставувачот според доставената сметка.
Примопредавање на производот и оригинална фактура:
Примопредавањето на производот се врши во договорен термин, на договорената адреса со потпишување на испратница и на тој начин купувачот го презема производот со сите придружни документи (декларација, гарантен лист со сервисна мрежа, упатство за употреба). Притоа купувачот ја презема и оригиналната фактура и потврдата дека го примил производот, го потпишува и му го враќа на продавачот во една копија преку доставувачот. Купувачот има право да го прегледа производот и да не го преземе ако е оштетена амбалажата, во спротивно, се смета дека производот е преземен неоштетен со неоштетена амбалажа.
Право на Купувачот да се откаже од купување – договор:
Купувачот има право во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на приемот на купениот производ во одредени случаи да се откаже од договорот согласно со Законот за заштита на потрошувачите со писмена изјава. Писмената изјава треба да содржи име и презиме на купувачот, адреса, број на телефон, електронска адреса и податоци за преземениот производ. Писмената изјава му се доставува на продавачот по електронска пошта, или по пошта на адресата на продавачот. Обврска на Купувачот е на Продавачот во своја организација и на свој трошок да му го врати производот што му е испорачан, во оригинална амбалажа, некористен и во непроменета состојба, со оригинална фактура и со придружна документација.
Цени:
Сите цени претставуваат малопродажни цени и се изразени во денари и се со вклучен ДДВ. Горење ДООЕЛ Скопје го задржува правото на измена на малопродажните цени. Малопродажните цени важат во моментот на примањето на нарачката. Производите на распродажба се видливо означени со цена пред и со цена по намалувањето. Условите и цените на интернет продавницата на Горење ДООЕЛ Скопје важат само за купување преку Интернет продавницата и може да се разликуваат од условите и цените во продажните салони на Горење ДООЕЛ Скопје и/или салоните на трговските партнери на Горење ДООЕЛ Скопје.
Акции, услови и траење:
Роковите на траење и условите на акциите и на другите посебни облици на продажба (акциски продажби, распродажби, сезонско намалување и сл.), наведени се покрај секоја таква понуда.
Рок на плаќање:
Рокот за уплата на купопродажната цена на производите (износот наведен на потврдената нарачка) изнесува 2 (два) работни дена од денот кога купувачот ќе прими известување од продавачот за потврдената нарачка и профактура, освен во случај кога се плаќа при преземање. Во случај кога купувачот во тој рок нема да изврши уплата по купопродажната цена, а продавачот и купувачот не се договориле поинаку, потврдата на нарачката станува необврзувачка за продавачот и таа се брише од системот.
Начин на плаќање:
1. Плаќање во готово при преземање (до вкупна вредност од 7.000 денари): Оваа опција Ви овозможува да извршите плаќање во готово откако ќе Ви биде доставен производот на Вашата адреса. Плаќањето го правите директно на доставувачот на производите кој Ви издава потврда за плаќање и Ви го/ги врачува производ(-ите) со придружната документација, како и оригиналната фактура. Плаќањето се извршува исклучиво во денари. Вкупната вредност на нарачката која треба се плати во готово при преземање не треба да биде повисока од 7.000 денари.
2. Со вирман преку сметка: Оваа опција Ви овозможува да извршите плаќање по електронски пат или со традиционално пополнување на рачниот налог во банка или во пошта. Во овој случај, задолжително, во полето „цел на уплата“ мора да го наведете бројот на профактурата за која вршите плаќање. По извршената уплата, почнуваме со обработка на Вашата нарачка и производите ќе бидат пратени на Вашата адреса. Најчесто датумите на изработката на нарачката и на извршената уплата може да се разликуваат, па затоа можно е рокот на испораката да биде променет во однос на датумот на нарачката.
3. Плаќање со картички: Eднократно плаќање со платежни картички од програмата на MasterCard и Visa.
Плаќање од страна на лица кои не се купувачи на производите:
Плаќањето на опишаниот начин во име, преку сметката и со согласност на купувачот, може да го извршат и трети лица исклучиво во својство на лице што ги плаќа производите и без какво било влијание врз содржината на купопродажниот договор и договорената испорака на производите на купувачот.