-
Ладење и замрзнување
-
Самостојни фрижидери
СВЕЖИНА СЕКОГАШ ПРИ РАКА
-
Самостојни комбинирани фрижидери
ВИСТИНСКИОТ ЗА ВАС
-
Side by Side
ГОЛЕМ КАПАЦИТЕТ
-
Retro
УЖИВАЈ ВО РЕТРО ДЕНЕС
-
Ладилници
ОСВЕЖУВАЧКИ ГОЛЕМИ
-
Вградни фрижидери
-
Вградни замрзнувачи
БЕСПРЕКОРНО ИНТЕГРИРАНО, СОВРШЕНО ЗАМРЗНАТО
-
Вертикални замрзнувачи
ПРАВИЛНО ЗАМРЗНУВАЊЕ
-
Хоризонтални замрзнувачи
ПОВЕЌЕ ПРОСТОР ЗА ЗДРАВА ЗАМРЗНАТА ХРАНА
- Ледомати
-
Самостојни фрижидери
-
Перење и сушење алишта
Нека одржувањето алишта биде едноставно.
-
Миење садови
За совршен резултат
-
Готвење и печење
- Вградни рерни
- Вградни плочи за готвење
- Вградни сетови
- Аспиратори
- Шпорети
- Микробранови печки
- Преносни индукциски плочи
- Повеќенаменски апарати за готвење
- Скари и контактни грилови
- Апарати за правење леб
- Додатоци за апарати за готвење
OmniFlex индукциски плочи -
Подготовка на храна
- Кујнски роботи
- Мултипрактици
- Тостери
- Миксери
- Блендери
- Сецкалки
- Апарати за мелење на месо
- Резачи
- Бокали за вода
- Апарати за кафе
- Дехидратори за сушење храна
- Соковници и цедачи на агруми
- Кујнски ваги
- Садови за готвење
- Лепачи на кеси
- Додатоци за апарати за подготовка на храна
Апарати за здрави сокови -
Дом и лична нега
- Правосмукалки
- Пегли и генератори на пареа
- Oвлажнувачи и одвлажнувачи на воздух
- Ваги за телесна тежина
- Апарати за нега на коса
- Додатоци за апарати за дом и лична нега
Ефикасни правосмукалки -
Греење и ладење на домот
За удобност на удобен дом
-
Hisense клима уреди
Inverter Expert
- MK
- Омилени
- Најави се Најави се
- Кошничка
- Пребарувајте
Добре дојдовте назад. Anonymous!
Почитуван кориснику, ги надградивме нашите безбедносни системи и овозможивме еднократно најавување за сите наши брендови. Акцијата беше преземена за да се подобри заштитата на нашите дигитални платформи и да ви овозможи беспрекорно да се движите помеѓу нашите брендови. Како дел од безбедносната надградба, ресетирајте ја лозинката за вашата сметка на Мое Горење од 03.10.2024 година.
Ако веќе сте ја ресетирале лозинката, не се потребни нови дејства.
Ако немате сметка на Мој Хајсенс, прво треба да се регистрирате. Ви благодариме.
Регистрирајте ја Вашата нова сметка на mk.gorenje.com и поедноставете го вашето искуство при купување и при изборот на производи:
- Регистрирајте ги вашите апарати за да ги имате сите податоци на едно место
- Проширете ја регистрацијата на вашиот апарат
- Брз, едноставен и транспарентен систем за поплаки
- Сите информации за апаратите што ги користите
- Уживајте во лесното онлајн купување
- Управувајте со претплата за билтен за е-пошта
- И многу повеќе
Најавете се со сметка од социјални медиуми
Или најавете се со Вашите податоци.
За нас
Gorenje Group денес претставува – Gorenje апарати за домаќинство - Gorenje d.d. – акционерско друштво со 47 интегрирани претпријатија. Во последниве години, сите овие фирми постигнаа динамичен пораст што резултираше во постојан развој на производите, ширење на производните услуги, ефикасна дистрибуција и продажни мрежи, како и проширување на учеството на пазарот.
Покрај тоа што условите на пазарот, благодарение на глобалната економија, се далеку од поволни, Gorenje Group успеа да ја задржи својата позиција на пазарот помеѓу осумте најголеми производители на апарати за домаќинство во Европа. Денес, 84% од производството се наменети за извоз.
Успехот на Gorenje се должи и на неговиот широк систем од домашни претпријатија и продажни оперативи во голем број земји на Европскиот континент. Странските афилијации на групацијата, во најголемиот дел, се комерцијални фирми со свои продажни мрежи, магацини, логистика и сервис. Како дополнение на ова, во Австрија и во Чешка постојат и помошни претпријатија што се вклучени во производството на мебел за кујни.
Иако најголемиот дел од продажбата го остварува во границите на EU, Gorenje Group, од неодамна, се шири и на пазарите во источна и југоисточна Европа, проширувајќи го својот опсег и извозно-продажниот систем.
Благодарение на гореспоменатите достигнувања и оперативните перформанси, Gorenje Group се втемели како една од најголемите Словенечки индустриски корпорации и еден од водечките производители на апарати за домаќинство во Европа.
Активност
Во согласност со новата организациона шема на Групацијата, различните компании Gorenje се поделени во пет сектори:
- Сектор за Апарати за домаќинство, кој се бави со производство и продажба на апарати за домаќинство.
- Сектор за мебел за ентериери, кој се бави со производство и продажба на мебел за кујни и купатила, уредување на купатила и керамички плочки..
- Сектор за Затоплување и Опрема, кој се бави со производство и продажба на бојлери, алат и опрема за индустрија.
- Сектор за Услуги, кој се бави со трговија, инженерство, дистрибуција, кетеринг услуги, туризам и управување со недвижности.
- Сектор за Енергија и Животна средина, кој е одговорен за управување со загуби, отстранување и процесирање на наслаги од течен отпад, како и со производство и продажба на тули, подни греди и горни прагови за врати и прозори.
Историјата на Gorenje
1950 - 1960
Gorenje се формира во малото истоимено село. Во почетокот, фирмата се занимава со производство на земјоделски машини и со набавка на градежни материјали.
Во 1958 година ја шири својата дејност со производство на шпорети што работат на тврди горива. Потоа, се сели во соседниот град Велење и почнува да ги шири своите услужни дејности.
1961 - 1970
Компанијата го проширува своето производство со машини за перење и фрижидери и станува водечки производител на апарати за домаќинство во тогашна Југославија.
Во 1961 година Gorenje го прави првиот извоз – 200 шпорети за Германија.
1971 - 1980
Gorenje почнува да превзема други компании. Го проширува производството со изработка на кујнски елементи, керамика, медицинска опрема, телекомуникациски единици, телевизори и други електрични апарати – навистина комплетен ранг на производи за домот.
Компанијата, која во тоа време е присутна речиси во сите републики во Југославија, вработи над 20.000 луѓе. Се превземаа првите чекори кон формирање на дистрибутивна и продажна мрежа низ Западна Европа, за што беа формирани компании во Германија, Австрија, Франција, Данска, Австралија и Италија.
1981 - 1990
Период на стопирањето на инвестициите во непрофитабилното производство и комерцијалните дејности и како резултат на тоа, рефокусирање кон областите во кои Gorenje има најголемо искуство и производи со најголемо значење – апаратите за домаќинство.
Се прошируваат извозните пазари, вклучувајќи ги Велика Британија и САД.
1991 - 1996
Реструктуирање на Gorenje, од неодамнешниот социјалистички систем на самоуправување, во акционерско друштво и целосно приватизирана компанија што функционира во рамките на пазарна економија во развој.
Заради губењето на домашниот пазар, предизвикано од распадот на Југославија, овој период го обележува интензивното реориентирање кон експанзија на извозот.
Со промените што се случуваа во регионот и со развојот на нови пазарни економии се формираа компании и во Источна Европа (Чешка, Унгарија, Полска,Бугарија и Словачка). Дополнително, се реоформија и компании во новите држави што произлегоа од распадот на Југославија.
1997 - 2004
По целосната трансформација, од државно претпријатие, Gorenje станува акционерско друштво. Во последните години Групацијата работи на воспоставување нови технологии и стандарди за заштита на животната средина и на повторното освојување на пазарите од некогашна Југославија.
Последнава деценија беше период на огромни инвестиции во експанзијата и модернизацијата на производните услуги,отворање на нови пазари, вградување на еколошки и иновативни технологии, обезбедување на нови магацински услуги, како и производство на производи од пластика и пакување.
Новите производни линии на Gorenje се истакнуваат со својот висок квалитет, модерен дизајн како и со фактот што се едноставни за употреба и безбедни за животната средина.
Во согласност со своите стратешки планови, Gorenje внесува нов концепт во својата бизнис-доктрина, попознат како Сè за домот.
Мисија и визија
Мисија
Основната мисија на Gorenje е производство и маркетинг на апарати за домаќинство со висок квалитет, едноставни за употреба и безбедни за животната средина.
Gorenje ќе ги развива сите постоечки бизнис-сектори што имаат потенцијал за развој и ќе обезбедува взаемен корисен ефект за своите основни дејности. Помеѓу нив, посебен акцент е даден на конструкција на машини. производство на алат, мебел, бојлери, компјутерски услуги, кетеринг, туризам и трговија.
Визија
На прагот на 21 век, компаниите на Gorenje се соочија, и понатаму се соочуваат, со бројни големи предизвици за продолжување на развојот на нивните услуги. Посебно е важно да се одржи динамичниот и одржлив рзвој, што ќе ја одржува компанијата рамо до рамо со конкуренцијата. Тука е и потребата за активно следење и флексибилно приспособување кон промените во бизнис-околината, како и обезбедувањето на ефикасно сегментирање на различните услуги.
Холдинг компанијата и Gorenje Group го интегрираат своето целокупно знаење и искуство, акумулирани во последниот половина век, за да им одговорат на предизвиците на сегашноста, кои, за возврат, ќе му овозможат на Gorenje да ги постигне своите стратешки цели.
Gorenje настојува да стане оперативно флекибилна компанија.
Ваквата стратегија на оперативна флексибилност бара постојано следење на промените што се појавуваат во комерцијалната средина, соодветна евалуација и употребливост на стекнатите капацитети за да се одговори на развојот и на пазарната еволуција, како и воспоставување на услови што овозможуваат имплементирање и приспособување на параметрите поврзани со развојот.
Горе-споменатите процеси се одвиваат во секое оперативно ниво на индивидуалните компании што ја сочинуваат Групацијата, како и во конгломератот Gorenje, како хомогена единка; истото важи и за нивото на услуги и производство, за методологиите и технологиите што се однесуваат на производството на потрошувачки добра и на обезбедувањето сервис, како и за односот со потрошувачите, добавувачите, вработените...
Gorenje ќе продолжи да развива нови активности што долготрајно ќе допринесуваат во одржливиот развој на компанијата и во взаемното задоволство на неговите акционери, бизнис-партнери, вработени, животната средина и – секако – задоволството на потрошувачот.
Вредности и Цели на Gorenje
Во постигнувањето на својата мисија, Gorenje Group и понатаму ќе ги негува и подобрува своите основни вредности за да ги исполни своите цели.
Долгорочен приход за акционерите
Мисијата, визијата и стратешките цели се трајна определба на Gorenje Group, заедно со совршеното работење и довербата во производите и во услугите на компанијата. Сето ова ке биде гаранција за одржување на довербата во стратегијата на работењето и развојот во Gorenje со што ќе се обезбеди оптимална сопственичка структура и стабилна акционерска вредност.
Култивација на односот кон потрошувачите и кон бизнис-партнерите
Gorenje ќе ја одржува и подобрува својата репутација меѓу потрошувачите и бизнис-партнерите, ќе создава атмосфера на взаемна доверба, задоволство и лојалност преку посветување на особено внимание на реципроцитетот во соработката и партнерството.
Грижа за вработените, за нивното знаење, здравје, безбедност и задоволство, како и зајакнување на нивната лојалност кон Gorenje
Заради цврста интерна организираност лојалноста на вработените ќе се одржува и дополнително ќе се подобрува.
Одржување на корпоративниот идентитет и развивање на трговската марка и производите на Gorenje
Марката и производите на Gorenje ќе се подобруваат за да се развива и поттикнува продажбата. Тоа ќе доведе до засилување на корпоративниот идентитет на Групацијата, истакнување на нејзините производи, услуги и предности во однос на конкуренцијата.
Промовирање на еколошка свесност помеѓу вработените како и помеѓу пошироката социјална јавност
Gorenje ќе го подобрува квалитетот на животот и на работењето во различните сфери од своето работење и влијание. Ќе се развиваат нови технологии за да се подобрат производните процеси, да се употребат и рециклираат сировите материјали и произведените производи со цел глобално да се намали загадувањето на животната средина.
Стратешки фокус
Gorenje Group останува компанија ориентирана кон производство на апарати за домаќинство. Ваквата стратегија ќе доведе до еволуирање на експанзивни и регенерирачки брендови и производи кои ќе дојдат до потрошувачите преку сопствената дистрибутивна и продажна мрежа на Групацијата.
Gorenje посебно ќе се фокусира на Европските маркети; посебно ќе бидат третирани источниот и југоисточниот регион од континентот затоа што обезбедуваат најдоходовни можности за развој и пораст. Компанијата ќе полага особено внимание на исплатливоста и на постојаното дотерување на производите и на процесите. Групацијата активно ќе се вклучува во интегрирањето на сродните процеси и ќе ги набљудува можностите за остварување на партнерски претпријатија.
Вработените во Gorenje Group имаат знаење, умешност и вештина да допринесуваат во конкурентноста на компанијата. Затоа, понатамошниот развој на работната сила останува приоритетна тема.
Стратешки цели
Позиционирање на пазарот:
Исполнување на годишните цели за учество на пазарот по географски региони заради остварување на одржлив развој и оптимална профитабилност за Групацијата; Најголемо учество на пазарот се постигнува на домашниот пазар и на пазарите во Југоисточна Европа; Основната дејност останува производството и продажбата на апарати за домаќинство и нивните сродни производи, заедно со мебел за кујни и купатила; Најголемиот дел од Gorenje производите се произведуваат во капацитетите на Групацијата, а неколку линии се изработуваат од надворешни ентитети.
Брендови:
Остварување на годишните цели за продажба на индивидуално брендираните производи за гореспоменатите региони за да се оствари одржливиот развој и оптималната профитабилност на Групацијата; Највисока продажба на Gorenje производите се остварува во земјите од Југоисточна европа и Словенија; Капиталните и стратешки заеднички вложувања ќе бидат интегрален дел од активната полиса за зајакнување на брендот Gorenje и неговата позиција на индивидуалните пазар.
Политика на инвестиции и дивиденди:
Инвестиционата стратегија ќе биде заснована врз сопствените финансиски извори на Групацијата – реинвестирање во согласност со моменталното ниво на девалвација плус две третини од нет профитот; Акционерските дивиденди ќе продолжат да се исплатуваат на годишно ниво во износ еквивалентен на една третина од нет-профитот.
Квалитет и иновации:
Понатамошно имплеметирање на интегрираните системи за квалитет (20 Keys system, Business Excellence, ISO, како и други национални и меѓународни стандарди за квалитет); Стандардизација на менаџерскиот систем за квалитет на процесите и на сметководството; Конзистентност и униформираност во обезбедувањето на постпродажното сервисирање; Намалување на трошоците за гаранции и на издатоците што произлегуваат од загубите и од производството што не ги задоволува стандардите за квалитет.
Развој на Инфо-технолошкиот систем:
Успешно интегрирање на подобрените информациони системи и соодветно дотерување на бизнис-процесите; Одржување на трошоците за реинвестирање, за производен развој и за измени во инфраструктурата во рамките на предвидените буџети; Транзиција кон процесно-ориентирана организација преку воспоставување на современите принципи на управување и тимска работа.
Управување со човечки ресурси:
Поставување на управувањето со човечки ресурси како основна функција на компанијата; Усогласување на бројот на вработени со новите информациони и процесно-управувачки системи; Одржување на лојалноста на персоналот и развој и зајакнување на корпоративната култура; Развој и унифицирање на постоечките системи на мотивација и наградување на вработените.
Позицијата на Gorenje
Основните сфери на функционирање и работење на Gorenje се однесуваат на она парче од глобалниот пазар кое покажува слаб пораст. Таквите пазарни услови бараат компанијата постојано да се фокусира на зајакнување на својата конкурентност. Gorenje ги поседува следните конкурентски предности:
- Одлична флексибилност и брза реакција на новите комерцијалните трендови и побарувања на пазарот.
- Приспособена и правилно развиена дистрибутивна и продажна мрежа во Европа.
- Значаен и најистакнат бренд на главните пазари, посебно на оние во Југоисточна Европа.
- Долотрајна, цврста релација со потрошувачите и заедничко задоволство.
- Квалификуван и професионален персонал со цврста лојалност кон компанијата.
- 50 години традиција на производство на апарати за домаѓинство.
- Јасна ориентација кон извоз.
Gorenje – Пазарни показатели во 2001:
- Најголем Словенечки извозник.
- 50 години традиција на производство на апарати за домаѓинство.
- Учество на Европскиот пазар од 4%.
- Еден од осумте најголеми производители на апарати за домаќинство во Европа.
- Годишно производство и продажба на над 2.5 милиони апарати за домаќинство.
- Продажба во 60 земји во светот.
- Апаратите за домаќинство учествуваат во продажбата на Групацијата со 83%; мебелот учествува со 5%, услугите со 11% и индустриската опрема и алатите со 1%.
- Продажна структура по региони: Централна и Северна Европа – 43%; Словенија и Југоисточна Европа – 27%, Југозападна Европа – 15%, Источна Европа – 9% и Велика Британија и другите земји – 6%.
- Најзначајни брендови: Gorenje, Sidex, Koerting, Galant, Gorenje Pacific.
- Брендовите во споственост на Gorenje во вкупната продажба учествуваат со 70%