Пченични погачици

Мени: Десерти

Алергени: Глутен, Сулфати, Млечни производи, Јајца
Средно

Луѓе

Состојки


бело пченично брашно
220 гр
шеќер
20 гр
прашок за печиво
1 пакет
сода бикарбона
½ лажица
сол
1 прстофат
суво грозје
100 гр
путер
100 гр
јајца
1
млеко
110 мл
павлака за готвење
120 гр
џем од јагоди
180 гр

Подготовка

  1. Во голем сад го просејуваме брашното, шеќерот, прашокот за печиво, сода бикарбона, и сол. Го додаваме сувото грозје и смекнатиот путер исечен на коцки.
  2. Во средината на смесата правиме дупка и во неа ставаме ладно млеко. Со лажица за готвење ги мешаме состојките додека не добиеме кревко тесто, мешајќи однадвор кон внатре.
  3. Од тестото обликуваме леб, го посипуваме со брашно и го прекриваме со проѕирна фолија. Тестото го ставаме го фрижидер и го оставаме да отстои половина час.
  4. Наросуваме брашно на работната површина и полека го развлекуваме изладеното тесто до дебелина од 1,5 цм. Потоа, со тркалезен калап со дијаметар од 5 цм сечеме тркалезни погачи.
  5. Погачите ги ставаме во сад прекриен со хартија за печење на дното, а површината ја премачкуваме со матено јајце.
  6. Откако погачите ќе се испечат, ги оставаме да се изладат. Ги сечеме на половина, ги премачкуваме со џем и одозгора ставаме матена слатка павлака.

Изберете ја Вашата рерна: :

Понатаму "Десерти" рецепти