Тарт

Мени: Десерти

Алергени: Глутен, Млечни производи, Јатки
Средно

Луѓе

Состојки

За тестото:
шеќер
30 гр
бело пченично брашно
100 гр
путер
70 гр
сол
1 прстофат
вода
3 лажица

За филот:
путер
70 гр
шеќер
50 гр
јаболка
500 гр
сечкани бадеми
50 гр
ванилин шеќер
1 пакет
цимет
½ лажица

За прилогот:
ванила сладолед
250 гр

Подготовка

  1. Ја подготвуваме тенката кора. Во сад мешаме шеќер, брашно и сол. Додаваме смекнат путер исечен на коцки и го матиме со електричен миксер. На средината на смесата правиме дупка и полека налеваме ладна вода во неа. Матиме додека не добиеме компактно тесто.
  2. Тестото го ставаме да отстои во фрижидер најмалку половина час.
  3. Го подготвуваме филот. Јаболката ги миеме, ги лупиме, ги отстрануваме семките и ги сечеме на тенки парчиња.
  4. Во калапот за печење го топиме путерот и додаваме шеќер и ванилин шеќер. Кога шеќерот ќе се претвори во карамела, ги додаваме јаболката и ги готвиме на тивок оган десет минути. Додаваме цимет и бадеми и се промешуваме.
  5. На хартија за печење го развлекуваме тестото до дебелина од 5 мм и внимателно го нанесуваме на филот со јаболка. Со прсти го распределуваме рамномерно во целиот калап, а потоа ги превиткуваме краевите на тестото навнатре, за целосно да ги прекриеме јаболката. Во тестото на неколку места правиме дупчиња со виљушка.
  6. Кога питата ќе биде готова, ја оставаме да се излади до собна температура. Потоа ја прекриваме со поголема чинија и ја превртуваме наопаку. Ја сечеме накосо и ја сервираме со лажица сладолед од ванила.

Изберете ја Вашата рерна: :

Понатаму "Десерти" рецепти