Gorenje Beauty колекцијата

Колекција на апарати за нега на коса

Започнете го денот со совршена фризура

Дали сте се погледнале во огледалото и сте приметиле дека вашата коса едноставно одбива да ве слуша?

Gorenje Beauty Collection е нова колекција на апарати за нега на коса која овозможува брзо и совршено стилизирање на косата наутро, во текот на денот или во вечерните часови. Апаратите во трендовски бои се лесни за користење и внесуваат задоволство во оваа секојдневна рутина.

Изберете ја бојата на вашиот ден – во вашата фризура нека се огледува вашето расположение!

Црвена ... За гламурозно исправена коса

Полна со енергија, страствена и самосвесна. Кога сакате вашиот ден да биде полн со гламурот на сјајна права коса.

Жолта ... За возбудливи локни

Разиграна, жива и опуштена. Нагласете ја својата младешка страна со лесни локни и блескајте со сета ваша енергија.

Сина ... За огромен волумен

Зрела, концентрирана и одговорна. Уживајте во елегантна фризура со огромен волумен, при што во секоја ситуација ќе блеснете со елитен шарм.