Мени: Десерти
Одлична алтернатива за штрудла со вкусен слој од павлака за готвење, маскарпоне и боровинки внатре. Прекрасно е како и да се сервира, топло или ладно.
Состојки
Подготовка
- Најпрвин подгответе го додатокот со квасец. Во 1 дл млака вода надробете го квасецот, шеќер, сол и брашно за да добиете хомогена смеса. Оставете да нарасне приближно 5 минути.
- Подгответе го брашното. Смесата ставете ја во брашно, додајте маргарин и млеко. Измесете го тестото, прекријте го со памучна крпа и оставете го да нарасне приближно 20-30 минути.
- Подгответе ја смесата за полнење. Заедно измешајте ги слатката павлака и „маскарпонето“. Додајте шеќер, ванилин шеќер и боровинки.
- Тестото го сукаме со дебелина од 3 мм и сечеме квадратчиња (10 цм х 10 цм).
- На секое квадратче ставаме по една лажичка од смесата и ги обликуваме во погачки. Ги ставаме во сад прекриен со хартија за печење и ги премачкуваме со жолчка.
Изберете ја Вашата рерна: :