Леб

Мени: Појадок и ужина

Алергени: Глутен
Средно

Луѓе

Што може да мириса повеќе на дом од свежо печен леб? Пробајте го овој одличен рецепт за лесен домашен бел леб.

Состојки

За додатокот од квасец:
бело пченично брашно
2 лажица
шеќер
1 прстофат
свеж квасец
20 гр
сол
1 прстофат
млака вода
100 мл

За тестото:
бело пченично брашно
500 гр
сол
1 лажица
растително масло
1 лажица
млака вода
300 мл

Подготовка

  1. Најпрвин го подготвуваме додатокот со квасец. Во 1 дл млака вода дробиме квасец, шеќер, малку сол и малку брашно за да добиеме изедначена смеса. Ја оставаме да нарасне околу 5 минути.
  2. Го подготвуваме тестото. Го ставаме додатокот со квасец во брашно, додаваме масло и сол. Додека го месиме, додаваме млака вода. Од тестото правиме топка, го прекриваме со памучна крпа и го оставаме да нарасне околу 30-40 минути (додека не порасне двојно).
  3. Тестото го месиме по втор пат, го обликуваме како леб и го ставаме во сад со хартија за печење. Го прекриваме со памучна крпа и го оставаме да нарасне уште 20-30 минути.
  4. Пред да го ставиме да се пече, правиме 4 дијагонални зареза на лебот, за да не испука.
  5. Кога ќе се испече, го вадиме од рерна и го оставаме да се излади пред да го сечеме.

Изберете ја Вашата рерна: :

Понатаму "Појадок и ужина" рецепти