Мени: Главни јадења
За време на сезоната на зелката, не пропуштајте го овој навистина вкусен рецепт за сарми. Треба да го пробате ова топло зимско јадење!
Состојки
Подготовка
- Листовите од зелка ги вариме во солена вода околу 30 минути. Кога ќе се оладат, ги делиме листовите и од нив ги отстрануваме големите жили.
- Го подготвуваме филот. Кромидот и лукот ги пржиме на путер.
- Меленото месо го мешаме со јајцата, сировиот ориз, доматното пире и исечканиот магдонос. Ја додаваме смесата со кромид. Зачинуваме по желба.
- Листовите од зелка ги полниме со смесата и ги виткаме. Ги редиме тесно едно до друго. Внимателно ги прелеваме со врела вода.
- Оставаме полека да вријат на плочата за готвење приближно 90 минути.
- Го подготвуваме сосот. Ставаме путер во тава и со мешање го додаваме брашното. Додаваме доматен сос, кисела павлака и вода. Пржиме уште една минута и го тргаме од огнот.
- Ги прелеваме сармите со сосот и откриениот лонец го ставаме во рерна.
Изберете ја Вашата рерна: :