WaveActive машини за сушење

Животот е комплициран. Нека одржувањето алишта биде едноставно.
НОВИ WaveActive МАШИНИ ЗА СУШЕЊЕ АЛИШТА

Совршен резултат, паметни решенија, совршено корисничко искуство

IonTech
Минимално туткање. Максимална свежина.
Воздухот полн со негативни јони ја суши вашата облека, така што таа многу малку се тутка. Јонизаторот го отстранува поголемиот дел од алергените, остатокот од чад, полен и електростатичкото полнење создадено во текот на процесот на сушење. Како резултат на тоа, облеката секогаш свежо мириса и може полесно да се пегла.
Инвертер PowerDrive
Моќен, но тивок мотор
Овој тивок, но исклучително ефикасен мотор, така е дизајниран за да овозможи долговечност на вашата машина за сушење, додека истовремено штеди електрична енергија со секој циклус на перење.
WaveActive барабан
За нежно сушење на секој вид ткаенина
Единствениот брановиден облик на барабанот ја омекнува ткаенината и овозможува најнежно сушење, за совршено суви алишта со минимално туткање.
А-класа на ефикасност на кондензацијата
Ги елиминира проблемите со вишокот на влажност при сушење облека
Во секој циклус на сушење, WaveActive машините за сушење алишта кондензираат импресивни 90% од влажноста од облеката, со што алиштата се целосно суви и се елиминираат проблемите со вишокот на влага во вашиот дом. Тоа значи дека машина за сушење алишта со А класа на кондензација годишно во вашиот дом ќе ослободува 55 литри вода помалку во однос на машина за сушење алишта со Б класа на кондензација.
Пареа за освежување (SteamRefresh)
Облека без непријатни мириси и набори
Овој 18-минутен третман со пареа ги отстранува повеќето набирања, го елиминира кој било мирис и ги освежува вашите ќебиња, зимската гардероба или која било друга облека, што ја прави оваа програма идеален избор тогаш кога сакате само брзо да ја освежите облеката или да го избегнете пеглањето.
IonRefresh
Брзо освежување на вашата гардероба
Дали мора брзо да ги отстраните мирисите од вашата облека? Со оваа специјална програма за освежување со јони, IonRefresh, вашата облека ќе биде свежа и спремна за носење за само 30 минути така како штотуку да сте ја испрале.
Едноставно управување
Три чекори и подготвени сте
Едноставното управување со централно позиционираниот програматор ви овозможува да почнете со сушење во 3 лесни чекори; вклучете ја машината, одберете програма и притиснете го копчето за старт! Нема потреба од вклучување на дополнителни функции или програми. Сепак, ако сакате, имате можност да одберете различни програми, на пример доколку сакате вашите алишта да бидат исушени на одреден начин.
TwinAir
Рамномерно сушење дури и на најголемите делови од постелнината
Дури и најголемите делови од постелнината ќе бидат меки, рамномерно исушени и помалку истуткани, кога ќе ги извадите од машината за сушење, благодарение на патентираниот двонасочен систем на довод на топол воздух.
Опции за сушење
Совршено за сите ваши потреби
Нашата технологија ви обезбедува секој вид ткаенина да биде исушена на најдобар можен начин, со идеална комбинација на температурата, вртењето на барабанот и времето на сушење. Фабричките програмирања можат понатаму да го приспособуваат сушењето кон вашите потреби со користење на различни опции.
Освежување (AirRefresh)
Брзо освежување на вашата гардероба
Специјална програма за освежување на гардеробата после спортските активности или по вечерата. Свежиот воздух помага во отстранувањето на непријатните мириси, на чадот од тутунот или мирисот на храна. Во рок од 30 минути, вашата облека ќе биде свежа и подготвена за носење како штотуку да сте ја испрале.
EcoEye
Потрошувачката на енергија секогаш под контрола
Индикаторот EcoEye ви дава едноставен преглед колку е енергетски ефикасна програмата што сте ја избрале и ви помага да ја намалите потрошувачката на енергија.

Совети и трикови за подобро перење

Дали вашите алишта не се толку свежи колку што сакате? Погледнете го нашиот избор на најдобри совети и трикови за подобро сушење и сами видете ги резултатите!

Дали знаевте дека вашата најчувствителна облека може безбедно да се исуши во машина за сушење? Дознајте како.
Заборавете на пеглањето! Сега можете да имате маици без набори директно од машината за сушење.

Сушете ја постелнината во машина за сушење алишта без да се изврти со овие со овие едноставни совети.
Лаванда, кокос или ванила? Не ви е потребен скап омекнувач за да биде вашата облека миризлива.