ВАША ОБЛЕКА. НАША ГРИЖА. Едноставно. Магично.

ВАША ОБЛЕКА. НАША ГРИЖА. Едноставно. Магично.
WaveActive Машини за перење и сушење алишта

Новата иновативна функција AirDry ја одржува вашата машина чиста и без непријатна миризба

Новата функција ги суши барабанот и преградата на дозерот за детергент, отстранувајќи ги дури и најмалите траги од влага, со што се спречува создавање на мувла и непријатна миризба. AirDry функцијата зад себе остава само пријатен мирис на свежина, без разлика колку често ги перете алиштата.

  • Магијата се случува зад затворената врата на машината за перење, што значи заштеда на простор и поголема безбедност за вашето семејство.
  • Вклучете ја вашата машина со апликацијата ConnectLife.
  • Посакајте му добредојде на освежителниот мирис, а кажете ѝ збогум на мувлата. Црната мувла се создава во влажна средина, па затоа е неопходно машината да се исуши по употреба.

 

Запознајте ја технологијата NatureDry која ги суши вашите алишта нежно како пролетен ветер

Функцијата NatureDry имитира сушење алишта на отворено, односно на свеж воздух. Со специјалниот сензор за температура овозможува нежно сушење на сите видови облека, дури и на осетливи ткаенини, волна и спортска облека.

  • + 50 % помалку собирање на ткаенината со пониски температури.
  • Заштедува време и енергија и ќе ги исуши дури и најнежните парчиња облека.
  • Технологијата NatureDry е вклучена во пет различни програми: кошули, спортска облека, чувствителни алишта, микс и програма за бебиња.

Дознајте повеќе за функциите AirDry и NatureDry

AirDry им дава на вашата машина за перење и на вашата облека прекрасен свеж мирис.

NatureDry особено се грижи за вашите најнежни парчиња.

Со Gorenje WaveActive машините за перење и сушење, магијата е секогаш на дофат на рака. Тие помагаат да го направиме секојдневниот живот едноставен, чист и помагаат нашата облека да остане мека подолго.

Ефикасно, економично и одржливо.