WaveActive машини за перење алишта
Дознајте повеќе за WaveActive машините за перење
Совршен резултат, паметни решенија, совршено корисничко искуство
Генератор на пареа (SteamTech)
Длабински испрани и меки алишта, без омекнувач
Заборавете на омекнувачот! Дополнителниот третман со пареа на крајот од избраната програма, значително ги намалува наборите, мирисите и бактериите. Вашите алишта ќе бидат темелно испрани, помалку истуткани и помеки.
IonTech
30% поефикасно ги отстранува дамките
IonTech ја користи моќта на природниот процес на јонизација, за да ја отстрани нечистотијата поефикасно, без висока температура или користење на дополнителни хемикалии. Прашокот за алишта подобро се раствора во водата, што овозможува урамнотежено перење на алиштата и 30% поефикасно отстранување на дамките, дури и при ниски температурни перења. IonTech, исто така, спречува создавање талог од бигор на грејачот, што го продолжува животниот век на машината.
Инвертер PowerDrive мотор
Моќен, но тивок мотор
Овој тивок, но исклучително ефикасен мотор, така е дизајниран, за да овозможи вашата машина за перење алишта да биде долговечна, додека истовремено ја заштедува електричната енергија со секое перење. Поради неговата долговечност, Gorenje ви нуди и 10 години гаранција на овој мотор.
WaveActive барабан
Нежно перење на сите видови алишта
Единствениот брановиден облик на WaveActive барабанот во комбинација со брановидните 3D ребра ја омекнуваат ткаенината и овозможуваат најнежно перење. За совршено чисти и минимално истуткани алишта.
Експерт за дамки (StainExpert)
Најефикасно отстранување дамки
За ефикасно отстранување на дамките веќе не е неопходна висока температура или додавање на дополнителни хемикалии пред перењето. Совршената комбинација од температура, време и количество вода, автоматски ќе отстрани до 36 различни видови упорни дамки од 3 главни групи: овошје (портокал, кечап); органски дамки (маст, путер, јајца, трева) и кафе (вклучувајќи чај, чоколаден пудинг, паста, шминка).
PowerWash 59‘
Вашите омилени алишта ќе бидат чисти тогаш кога ќе ви бидат потребни
За перење на алиштата ќе ви биде потребно помалку од еден час, благодарение на оваа брза и интензивна програма за перење, која е погодна за половина полнење.
Помош при дозирање (DoseAid)
Оптимална доза детергент за секое полнење
DoseAid секогаш ќе ви помогне да ја определите оптималната доза на детергент, без оглед на количината на алишта што сте ги ставиле да се перат. Така ќе бидете сигурни дека детергентот го употребувате на најекономичен и на најздрав начин.
Автоматско перење (AutoWash)
Секогаш вистинската програма
Не можете ли да се одлучите која програма да ја изберете? Едноставно изберете AutoWash и вашата машина за алишта ќе ja избере најдобрата програма за перење алишта кои имате намера да ги исперете. Можете да се опуштите, алиштата ќе бидат беспрекорно чисти, без оглед на тоа од каков материјал се изработени.
Освежување со пареа (SteamRefresh)
Секогаш освежени алишта
Оваа единствена програма користи парен генератор за да создаде големи количества пареа кои ја освежуваат гардеробата и значително го олеснуваат пеглањето.
Едноставно управување
Три чекори и подготвени сте
Едноставното управување со централно позиционираниот програматор ви овозможува да го почнете перењето во три лесни чекори; вклучете ја машината за перење на алиштата, одберете ја програмата и притиснете го копчето за старт! Нема потреба од вклучување на дополнителни функции или програми. Сепак, ако сакате, имате можност да одберете различни програми, на пример доколку сакате вашите алишта да бидат испрани на одреден начин.
GreenGuide
Потрошувачката на енергија секогаш под контрола
GreenGuide индикаторот кој е лесен за читање ви дава повратна информација во реално време за тоа колку е ефикасна вашата избрана програма, помагајќи да заштедите вода и енергија.
Заштита од алергии (AllergyCare)
Дополнителна заштита за чувствителна кожа
Програмата AntiAllergy користи повисока температура и дополнителни плакнења и со тоа ефикасно ги отстранува сите траги од детергентот на ткаенината. Алергените, кои можат да предизвикаат непријатно чувство, се отстрануваат од алиштата и со тоа ја штитат и најчувствителната кожа.
StableTech
Нема вибрации за време на перењето
Подобрената стабилност и значително намалените вибрации благодарение на StableTech страничните и долните панели резултираат со значително пониско ниво на бучава дури и при најголемата брзина на центрифугата.
Совети и трикови за подобро перење
Дали вашите алишта не се толку чисти колку што сакавте? Погледнете го нашиот избор на најдобри совети и трикови за подобро перење и сами видете ги резултатите!
Во брзање сте? Сега можете да ги исперете алиштата за помалку од еден час.
Определете ја оптималната доза на детергент. Еколошки и совршено испрани алишта.
Мистеријата е откриена: ова е најдобриот начин да се справите со оние тврдоглави дамки од трева!
Ако вашата машина за перење мириса на влага, не грижете се. Ние ќе ви помогнеме да се ослободите од мирисот.