Сѐ што треба да знаете за машините за сушење алишта

Машината за перење е стандардна опрема буквално во секое домаќинство, додека машината за сушење алишта сè уште ужива статус на луксузен предмет. И покрај тоа што е вистина дека алиштата може целосно да се исушат надвор без каков било трошок, ова може да биде покомплицирано во куќа или во стан без балкон или тераса, или ако поставувањето на решетката за сушење значи видлива пречка во вашиот стан и предизвикува создавање мувла. Во такви случаи, машината за сушење алишта е вистинско решение, затоа што ја завршува работата без разлика дали врне дожд или сонцето свети. Освен тоа, користењето на машината за сушење алишта има многу предности од коишто несомнено не ќе сакате да се лишите откако еднаш веќе ќе се навикнете на нив. Енергетска ефикасност, практичност, највоздушести крпи, најмека постелнина и облека со убав мирис, се дефинитивно добри причини да најдете место за машина за сушење алишта во вашиот дом. Собравме сè што треба да знаете за овие неверојатно удобни апарати овде, на едно место, за конечно да го поедноставите животот и да гледате како исчезнуваат купиштата од алишта за перење.

Како работи машината за сушење алишта?

Практично, сите машини за сушење алишта работат на еден ист општ принцип. Електричниот мотор го врти барабанот исполнет со влажна облека, истовремено управувајќи го вентилаторот кој овозможува циркулација на топол воздух низ барабанот. Грејачот го загрева воздухот, а термостатот ја одржува соодветната температура. Водата од облеката испарува благодарение на топлиот воздух што циркулира. И што ќе се случи со оваа пареа зависи од видот на машината за сушење.

Конвенционални проветрувачки машини за сушење алишта

Најобичните и исто така најевтините машини за сушење алишта го испумпуваат жешкиот, влажен воздух од барабанот директно низ едно флексибилно црево, кое обично се поставува во надворешниот отвор за вентилација или се закачува надвор од прозорецот.

Кондензациски машини за сушење алишта

Тие работат со кондензација на пареата во машината со помош на надворешниот воздух и негово претворање во вода. Ова се собира во сад што може да се вади или резервоар, кој е инсталиран на горниот лев агол на машината за сушење алишта. Резервоарот лесно се вади и може да се испразни во мијалникот кога е полн. Корисен додаток за овој тип машини за сушење алишта е цревото AutoDrain за кондензирана пареа што може да се поврзе со цевката за одвод на машината за перење или со мијалникот, така што не е неопходно често празнење на резервоарот.

Кондензациски машини за сушење алишта со топлотна пумпа

Овие машини за сушење алишта работат на систем на затворена јамка при што воздухот се загрева со топлотна пумпа и сушењето се одвива на пониски температури што овозможува грижа за облеката исполнета со нежност. Топлотната пумпа овозможува брза размена на температурата: поголемите модели се користат за греење на нашите станови, додека другите се интегрирани во нашите уреди за климатизација, при што ефективно ги ладат нашите домови. Сличен уред е вклопен во машината за сушење алишта. Како и кај конвенционалните кондензаторски машини за сушење, кондензираната пареа извлечена од алиштата испарува во резервоарот, додека ладниот воздух што се користи за време на процесот на сушење се рециклира и се користи повторно за нов циклус на сушење. Ова значи дека се троши дури четирипати помалку енергија, а загубите на топлина се минимизираат. Последно, но не и неважно, треба да се знае дека неправилното функционирање на машината за сушење алишта со топлотна пумпа произведува опасен отпад бидејќи топлотната пумпа содржи гас за пренесување на топлинската енергија што е, генерално, штетно за животната средина, па затоа е важно правилно и внимателно да ракуваме со овој апарат.

Комбинирани машини за перење и сушење алишта

Комбинацијата на машина за перење и машина за сушење алишта во еден апарат е, од една страна, компромис, но од друга страна, тоа е извонредно решение ако имате малку простор и барате машина за перење „сè во едно“. Сушењето работи според истиот принцип на циркулација на топол воздух како и кај сите машини за сушење, само што перењето и сушењето се случува во истиот барабан и може да се следуваат наизменично директно едноподруго, ако за тоа се избере соодветната програма. Со овој вид апарат, скоро е невозможно да се заборави сушењето на алиштата по нивното перење.


Што е инвертер-мотор?

Инвертер-моторот е инсталиран директно на оската, не содржи јаглеродни четки и користи спротивни магнетни полиња, што значи дека триењето на моторот е намалено, и тоа му помага да работи потивко. Почнувањето и запирањето се, исто така, поефикасни. Овој тип на еднонасочен магнетски мотор не се загрева како што тоа се случува кај конвенционалниот мотор, затоа што е дигитално контролиран од инвертер-плоча, која ги приспособува моќноста и брзината на вртење за да се зголеми ефикасноста. Инвертер-моторот е многу помоќен и затоа е совршено соодветен за машини за сушење со голем капацитет што можат да исушат 8 или повеќе килограми алишта. Исто така, тој е потраен, со што трошоците за сервисирање значително се намалуваат.


Предности и карактеристики

Пред да купите машина за сушење алишта, препорачливо е да прецизирате кој тип најдобро ви одговара на вашите постојни потреби. Постојат многу програми и карактеристики за подобрување на резултатите при сушењето и навистина со тоа да се поедностави целиот процес на перење алишта.

Капацитет

Слично на машините за перење, капацитетот на машините за сушење се мери, исто така, во килограми. Повеќето машини за сушење може да исушат од 7 до 9 кг алишта, но исто така може да се најдат и машини со други капацитети. Сепак, поголемо не значи и подобро. Треба да размислите колку членови има во вашето домаќинство и колку алишта обично перете и сушите. Поголем барабан за помали количини облека не е оптимален избор бидејќи резултатите од сушењето ќе бидат послаби, а трошоците ќе бидат поголеми. Во принцип, машина за сушење со капацитет од 7 кг е доволен за две лица, додека на едно четиричлено семејство му треба машина за сушење со капацитет од околу 9 кг. Ова, исто така, зависи од тоа колку облека се менува во вашето домаќинство секој ден. Кај комбинираните машини за перење и сушење алишта, капацитетите за перење и сушење се различни. Ако, на пример, капацитетот на перење е 9 кг, капацитетот на сушење е околу 6 кг. Ова, исто така, значи дека едно целосно полнење на перени алишта треба да се исуши во два дела, за што е потребно повеќе време.

Потрошувачка

Сите апарати за домаќинство имаат енергетски етикети. Слично на другите апарати за домаќинство, машините за сушење ги рангираме во седум класи, од А до G, во зависност од нивната енергетска ефикасност. Класата А е енергетски најефикасна, додека класата G е најмалку ефикасна. Апаратите што добиваат буква од А до C се сметаат за енергетски ефикасни, додека апаратите што трошат значителни количини на енергија се означени со класи од D до G. Секогаш треба да се определиме за апарат со буква поблизу до А. Машините за сушење со топлотна пумпа можат да носат и етикети A+++, што значи дека тие се многу поефикасни во споредба со регуларната енергетска класа А бидејќи тие ги сушат алиштата на значително пониски температури во споредба со другите машини за сушење. Оценките со буквите, исто така, може да бидат проследени со знакот плус. Секој плус значи 10% помала потрошувачка во споредба со А-класата.

Кондензациска ефикасност

Ефикасноста на сушењето се мери и со оценки во вид на букви, т. е. од А, па натаму, и тоа е наведено на енергетската етикета на секоја машина за сушење алишта. Колку е подобра кондензациската ефикасност на машината за сушење алишта толку помалку влага таа исфрла во околината. Ова е важно затоа што сигурно не сакаме да го зголемиме ризикот од развивање на мувла на sидовите од нашиот стан. Значително енергетски ефикасната машина за сушење алишта може, исто така, да се стави во просторија без прозорци или во затворена куќа без да се грижите за појава на влага. Ефикасноста на кондензацијата е означена со букви од А до G. Машината за сушење од А-класата ќе исцеди 90% вода од облеката и ќе ја чува водата во делот за кондензација.

Енергетска налепница

Енергетските налепници може да ни откријат некои основни информации за машината за сушење алишта:

ИКОНА СО ЧАСОВНИК/CLOCK ICON – Таа го покажува времетраењето на циклусот на сушење;
ИКОНА СО ЗВУЧНИК/SPEAKER ICON – Таа го опишува нивото на бучавата за време на работата:
ИКОНА НА РЕЗЕРВОАР ЗА ТАБЛЕТИ/ICON OF A TANK WITH DROPLETS – Таа ја опишува ефикасноста на кондензацијата со букви во вид на оценки од A до G;
kWh – Овој број укажува на годишната енергетска потрошувачка во киловат-часови;

Енергетските ознаки, исто така, вклучуваат информации за потрошувачката на електрична енергија и ефикасноста на сушењето. И двете се претставени со обоени ленти и оценки со букви од А до G. Најдобро е да купите машина за сушење со ознака што е можно поблиску до класата А, која укажува на најефикасните апарати за домаќинство.

Големина

Стандардната големина на машините за сушење е слична на големината на машините за перење. Нивната ширина е обично 60 см, длабочината се движи 60 – 65 см и висината, 85 см. Ова значи дека обично можеме да поставиме машина за сушење над машината за перење, затоа што тие се така дизајнирани што, покрај заштедата на просторот, не се мешаат во работењето или во оперативноста.

Ниво на бучава

Секој апарат прави поголема бучава доколку побрзо се врти. Пред да ја купите, добро е да знаете каде сакате да ја поставите машината за сушење. Ако таа треба да биде поставена во близина на дневната соба или на спалната соба, секако, се претпочита потивок модел. Апаратите што работат тивко обично имаат систем за намалување на вибрациите, дополнителна изолација и масивно, робустно куќиште. Вградениот инвертер-мотор придонесува и за намалување на нивото на бучавата и на вибрациите – и ѝ овозможува подолг век на траење на машината за сушење.

Програми

Некои од резервираностите што сѐ уште луѓето ги имаат се дека сите видови облека не може да се сушат во машина за сушење алишта, дека облеката може да се собере и дека сушењето во машина може да трае исто толку долго колку што ги сушиме алиштата на воздух. Најновите машини за сушење даваат решение за сето погоре, под услов да ја изберете вистинската програма и да ги следите упатствата на производителот.

Покрај програмите за памук и синтетика, можете, исто така, да изберете меѓу мноштвото наменски програми за деликатна облека, што го намалува бројот на вртежи и ја намалува температурата на сушење. Можете да се олабавите без загриженост дури и при сушењето волна или свила.

Сушењето и освежувањето со пареа, карактеристиката која Горење ја нарече SteamTech, е исто така специјална програма што осигурува дека облеката нема да се истутка и нема да биде потребно пеглање откако ќе се заврши циклусот на сушење. Пареата ефикасно ги измазнува наборите на облеката и ги елиминира сите непријатни мириси на облеката што ја носевте само кратко и едноставно треба само да ја освежите.

Другата иновација се вика Iontech. Облеката се суши со воздух полн со негативно наелектризирани јони за да се забрза процесот на сушење и да се изедначат наборите. Јонизаторот создава средина ослободена од повеќето алергени, остатоци од чад и полен и електростатско полнење што се таложи за време на процесот на сушење. Како резултат на тоа, облеката мириса поубаво, полесно се пегла и не лепи влакна.

WaveActive машините за сушење од Горење се направени за да се заврши работата на ефикасен, лесен за ракување и еколошки начин.