Side by side

#INSTALOVE

SIDE BY SIDE КОМБИНИРАНИ ФРИЖИДЕРИ ОД GORENJE

Side by side комбинираните фрижидери од Gorenje се најдобар избор за секој кој сака безбедно и ефикасно да ја зачува свежината на намирниците и на храната. Со комбинирање на модерниот дизајн со моќната технологија и пространата внатрешност, овие апарати нудат лесен пристап и добра организација на просторот за сместување на сите намирници.

Поради поголемиот капацитет, ќе заштедите драгоцено време за посета на супермаркетот и ќе го намалите отпадот на храна поради подобрата прегледност на складираните намирници. Не е ни чудно што веднаш ќе се вљубите во нив.


Пространи и ефикасни

NoFrost Plus
Нема повеќе досадно одмрзнување
Еден од најдобрите системи за ладење на пазарот, вграден во замрзнувачот, спречува таложење на мраз и со тоа ја намалува потрошувачката на енергија. Како резултат, користењето на просторот за складирање храна е оптимизирано, а одмрзнувањето и чистењето на внатрешноста веќе не е потребно. Пакетите или парчињата замрзната храна нема да се лепат едни на други, така што храната во замрзнувачот ќе биде уредна и чиста.
SensoTech
Напредна контрола преку ЛЕД дисплеј
Големиот и јасен ЛЕД дисплеј овозможува моментална контрола и прилагодување на температурата. Функциите како што се FastFreeze и HolidayMode можат да се активираат со едноставен допир. Во случај на ненадејно зголемување на температурата во фрижидерот, вградениот аларм веднаш ќе ве предупреди.
Инвертер компресор
Сигурен, тивок и долготраен
Инвертер компресорот е потивок, подолготраен и троши помалку енергија во споредба со конвенционалниот мотор. Подобро и побрзо се прилагодува на температурните промени во фрижидерот, на пример кога се отвора вратата, што значи дека температурните флуктуации се намалуваат и дека условите за складирање на храната се многу подобри.
XtraSpace
Практични и пространи
Ефикасниот дизајн на внатрешноста обезбедува доволно простор за голема количина на храна, што ќе ви заштеди време за често одење во продавница. Храната лесно може да се нареди на стаклените полици, во големите фиоки или на полиците на вратата, така што секогаш можете да видите што сé е достапно и на тој начин помалку ќе фрлате храна.
MultiFlow 360°
Идеална микроклима на секоја полица
Системот за вентилација MultiFlow 360° рамномерно го дистрибуира воздухот во ладилникот за да обезбеди оптимална циркулација на воздухот и најдобри услови за чување на вашата храна.
Ледомат со диспанзер за вода
Нема потреба од филтер или довод за вода
Ледоматот со диспанзер за вода кој се управува на допир ви овозможува да уживате во ладна вода, кршен лед или коцки лед без да го поврзете ладилникот со довод на вода. Благодарение на тесниот дизајн, ледоматот не зафаќа премногу простор во фрижидерот.
FastFreeze
Брзо замрзнување
Замрзнување на големи количини на храна? Функцијата FastFreeze ја замрзнува храната на -24 °C за да ги сочува минералите на храната и да го задржи нејзиниот квалитет. По приближно 26 часа, оваа функција автоматски се исклучува и температурата на замрзнувачот се враќа на иницијално поставената температура.
HolidayMode
Режим на работа со кој ќе заштедите енергија
Режимот на работа HolidayMode ја прилагодува температурата во замрзнувачот и во ладилникот за да ја намали потрошувачката на енергија и да ја сведе на минимум, кога фрижидерот не се користи подолго време. На пример, кога ќе уживате во вашиот годишен одмор.
HomeBar
Пијалаци и закуски на дофат на рака
Многу корисна мала врата на главната врата на ладилникот која овозможува брзо да пристапите до полицата со пијалаци и закуски без да ја отворите вратата на ладилникот. Оваа корисна опција, исто така, помага да заштедите енергија, бидејќи ладниот воздух не излегува од целиот фрижидер при отворање.
KitchenFit
Заводлив и софистициран изглед
Овој комбиниран фрижидер чија длабочина е еднаква на длабочината на работната површина, елегантно ќе се вклопи во вашата кујна, а притоа ќе има многу голем капацитет за складирање на храна.
LedLight
Ефикасно осветлување кое обезбедува добра прегледност
ЛЕД осветлувањето во фрижидерот овозможува одлично и екстремно ефикасно осветлување, бидејќи има подолг животен век и троши значително помалку електрична енергија во споредба со конвенционалните светилки.
SuperSilent
Екстремно тивка работа
Овој фрижидер работи исклучително тивко до ниво на бучава што е еднакво на тивко шепотење на две лица. Оваа тивка работа е резултат на одличната изолација и на иновативните решенија во системот за ладење.
TwistIce
Лед секогаш при рака
Со отстранливиот внатрешен ледомат TwistIce секогаш ќе имате доволно лед. Едноставно свртете ја рачката и уживајте во разладниот пијалак.
Држач за шишиња
Вистинско место за вашите шишиња и лименки
Со практичниот држач, вашите шишиња и лименки ќе бидат лесно достапни и нема да го зафаќаат просторот што сега можете да го користите за складирање други намирници.