Вградни фрижидери NatureFresh

Полни со природна свежина
NatureFresh вградни комбинирани фрижидери

Кога зборуваме за производство на свежа храна, полна со вкусови и хранливи вредности, природата отсекогаш знаела што е најдобро. Овозможува вистинска комбинација на сонце, свеж воздух и влажност за оптимален раст и максимален вкус.

Затоа новите NatureFresh вградни комбинирани фрижидери од Gorenje ги имитираат природните услови со одржување на процесот на фотосинтеза, контрола на нивото на влажност и обезбедување свеж воздух.

Дополнително, NatureFresh вградните комбинирани фрижидери од Gorenje имаат висока енергетска класа, од А + до А +++, а нивниот модуларен и флексибилен дизајн им овозможува совршено да се вклопат во секој животен стил.


Природна свежина, флексибилен дизајн, ефикасно чување храна

CrispZone фиока со VitaLight и SmartHumidity
Свежо како од градина
Една од најголемите фиоки за овошје и зеленчук на пазарот, фиоката CrispZone, ја продолжува свежината на складираната храна на пониски температури со автоматската контрола на влажноста SmartHumidity и специјалното осветлување VitaLight. SmartHumidity го одржува оптималното ниво на влага во фиоката во текот на денот благодарение на мембраната која автоматски ослободува вишок влага од фиоката. Осветлувањето VitaLight го одржува природниот процес на зреење за да ги задржи витамините во храната и да ги задржи овошјето и зеленчукот свежи и крцкави подолг временски период.
IonAir со DynamiCooling
Задржува само пријатна арома
Воздухот збогатен со дополнителни негативни јони го задржува вкусот и ги отстранува непријатните миризби, додека напредниот DynamiCooling систем на вентилатори ја изедначува температурата низ целиот фрижидер и рамномерно распределува јонизиран воздух, што овозможува кој било вид храна да се стави на која било полица.
AdaptTech
Фрижидер кој ги препознава вашите навики
Напредниот систем AdaptTech е дизајниран да ја одржува оптималната температура во фрижидерот без разлика колку често ја отворате вратата од фрижидерот. Кога вратата е отворена, температурата нагло расте и храната е изложена на термички шок што го забрзува расипувањето на храната. Фрижидерот постојано го следи и анализира начинот на кој го користите. Фрижидерот може да предвиди кога ќе ја отворите вратата и пред да ја отворите, ќе ја намали температурата за 1 или 2°C за да обезбеди константна температура и свежа храна полна со хранливи материи.
NoFrost DualAdvance
Оптимален систем за двојна циркулација на воздухот
Современата технологија NoFrost DualAdvance користи интензивна циркулација на ладен воздух за отстранување на влагата од замрзнувачот и на тој начин спречува таложење на мраз на храната и лед во внатрешноста на замрзнувачот. Од друга страна пак, ладилникот овозможува оптимални услови за чување свежа храна како резултат на целосно одделните процеси на ладење помеѓу деловите за ладење и замрзнување.• Не е потребно заморно одмрзнување и чистење• Замрзната храна не се лепи една со друга• Квалитетот, бојата и аромата на замрзната храна се зачувани• Подобра прегледност на храната• Повеќе простор• Нема мешање на мириси помеѓу замрзнувачот и ладилникот• Свежата храна не се суши и останува свежа подолго.
FreshZone
За свежина како од природата
Оваа фиока е идеална за чување месо, риба и сирење. Температурата е малку пониска во споредба со другите делови на ладилникот, што значително ја продолжува свежината.
ЛЕД-осветлување (LedLight)
Ефикасно осветлување кое обезбедува добра прегледност
ЛЕД-осветлувањето во фрижидерот обезбедува одлично и ефикасно осветлување. Трае 30 пати подолго од стандардното осветлување и заштедува 10 пати повеќе енергија.
MixBox
Keep your fridge neat and tidy
This shallow drawer will store all your smaller items, like spreads, butter, fish cans and snacks making sure your fridge is organized and food doesn't stay forgotten past its due date. Its slide in-and-out function ensures easy access to its content.
SuperCool
Брзо ладење по шопинг за време на викендот
Функцијата за интензивно ладење значително ја намалува температурата во ладилникот за брзо ладење на храната по големи набавки. По шест часа, оваа функција автоматски се исклучува и температурата на ладилникот се враќа во претходно поставените параметри.
XXL SpaceBox
Доволно простор за сместување на мисирка
Најголемата фиока одделот за замрзнување е идеално место за чување на големи намирници како мисирка, неколку пици или торти.
HiddenSpace
Дополнителен скриен простор
Скриениот простор, HiddenSpace, сместен под CrispZone фиоката, обезбедува дополнителен простор за лименки или слични производи.
A+++
Top energy efficiency
All Gorenje fridge freezers are highly energy-efficient. Excellent thermal insulation and door sealing, inverter compressor, and electronic or mechanical control efficiently reduce power consumption. Fridge freezers with the A+++ energy efficiency rating use 60% less power than those in the A class.

Совети и трикови за ладење

Ставете го кромидот во путер

Мора да се признае, половина кромид веројатно нема да му наштети на буџетот, но зошто да го фрлите кога може да заштедите со соодветно складирање. Следниот пат кога ќе ви остане половина кромид од подготовката на ќофтиња или салата со домати, не посегнувајте по алуминиумската или најлонската фолија, посегнете по путерот. Половинката кромид останува свежa подолго кога е премачканa со путер. За да спречите интензивен мирис, чувајте го кромидот во MultiBox без довод на воздух.

Извадете ги од замрзнувачот

Нема ништо поубаво од свеж грав, свеж грашок или која било друга свежо одгледана храна. За среќа, ова не е задоволство во кое можеме да уживаме само во текот на летото. Замрзнатиот зеленчук ги задржува своите вкусови, конзистентност и витамини ако се чува на -18˚C или пониско и се пакува правилно за да спречи оксидација или дехидрација. За да извлечете максимум од свежото овошје и зеленчук, ставете ги во CrispZone фиоката, каде што е сместено специјалното VitaLight светло кое ги чува нивните хранливи материи.