Како да го одберете вистинскиот фрижидер за вашата кујна?
Изборот на апарати за домаќинство може да биде застрашувачка задача. И изборот на вистински фрижидер не е исклучок. Ова е голема инвестиција и, во исто време, е еден од најважните апарати во домот. Затоа е важно да изберете фрижидер кој ќе изгледа како да е направен според вашите потреби. И навистина има разлика дали изберете вграден или самостоен фрижидер, со замрзнувач или без. Во денешно време изборот е огромен и секој фрижидер има свои предности и посебни карактеристики. Избравме неколку клучни карактеристики што треба да ги знаете за да можете да го изберете совршениот фрижидер за вас.
За и против вградниот фрижидер
Вградниот фрижидер е направен така што на неговата врата можат да се прикачат дрвени фронта, обично за да одговара на другите кујнски елементи. На овој начин, фрижидерот, исто како и машината за миење садови, е целосно скриен и прилагоден на бојата и дизајнот на кујната. Ова е исто така негова голема предност. За среќа, постојат многу различни модели на вградни фрижидери за да ги задоволат многубројните потреби на различни корисници и не се однесуваат само на естетиката.
Вграден фрижидер без замрзнувач
Ако навистина не ви треба замрзнувач, голем вграден ладилник со висина до 178 см може да ви обезбеди вистинско изобилство разладена храна и пијалаци. Внатре има многу простор ако има практичен распоред. Затоа, добро е да проверите какви фиоки, полици и други места за складирање се достапни. Неопходни се, на пример, решетки за шишиња, пространи фиоки во вратата на фрижидерот, надополнети со капаци и кутии што можат да се користат за разни намени, и фиоки специјално прилагодени за чување зеленчук или месо. Дефинитивно, паметните функции како аларм за предупредување за предолго отворена врата, ЛЕД осветлување и паметна циркулација на воздухот, што ја одржува вашата храна свежа подолго време, исто така се корисни во фрижидерот. Одлучете се за ваков модел ако навистина имате хоризонтален замрзнувач при рака, во спротивно, може да се случи брзо да забележите потреба на барем една мала фиока за складирање на сладолед или коцки мраз во неа.
Вграден фрижидер со замрзнувач

Најпопуларниот модел на фрижидер е, се разбира, вградниот комбиниран фрижидер. Тој е достапен во различни верзии. Може да има многу помал оддел за замрзнување од одделот за ладење, или одделите за ладење и замрзнување да имаат сличен волумен.
Обично, комбинираните фрижидери имаат замрзнувач во долниот дел само кога замрзнувачот зафаќа помал дел од целиот волумен на фрижидерот. Во него има само доволно простор за да се сместат неколку работи што ви се потребни при рака (сладолед, мраз, вреќа со замрзнат зеленчук, парче месо). Сепак, не е погоден за складирање на големи количини на намирници. Погоден е за простории каде што не остануваме долго време, како што се викендички или апартмани.
Вертикалните комбинирани фрижидери кои имаат и замрзнувач и ладилник обично се направени така што одделот за замрзнување се наоѓа во долниот дел на фрижидерот, главно, затоа што замрзнувачот се отвора поретко и затоа не е потребно да се наведнуваме повеќе пати на ден. Обично, одделот за замрзнување има 3 до 4 фиоки, во кои има простор за солидно снабдување со замрзната храна.
Некои нудат фиоки за брзо замрзнување и програми што откриваат пораст на температурата и автоматски ја засилуваат јачината на ладење на храната. Овој вид на комбиниран фрижидер е одличен компромис ако во домот немате простор за поголем фрижидер или хоризонтален замрзнувач. Во случај да претпочитате да имате обилна залиха на храна, ќе мора да најдете подобро решение.
Вграден подпултен фрижидер
Ова е помал фрижидер кој е инсталиран под работната плоча, исто како и машината за миење садови. Можете да го најдете под името потпултен фрижидер. Тој е висок околу 82 см и има капацитет од 120 литри. Тој е дизајниран за максимално искористување на малите домашни кујни или за опремување на канцелариска кујна. Ова значи дека тој непречено се прелева во постојниот мебел и дека дури и не се забележува, додека истовремено нуди ист комфор како еден поголем фрижидер. Врвно решение е да ги инсталирате Side-by-Side моделите, што значи дека можеме да го инсталираме веднаш до подпултниот замрзнувач и така да добиеме целосно функционален пар што лесно може да одговара на класичен фрижидер. Со него може да опремите приколки, викендички, апартмани и интернатски соби, каде што навистина мора да се искористи максимумот од секој сантиметар простор. И, ако навистина Ви недостига простор, овој фрижидер има неизмерна вреднос
За и против самостојниот (невградливиот) фрижидер
Најголемата предност на еден самостоен или невградлив фрижидер е токму оваа – може да го ставите онаму каде што сакате. Не мора да биде вклопен и може да почнете да го користите веднаш. Вистина е, сепак, дека тој зафаќа малку повеќе простор и дека, поради својата големина, тој ќе стане центар на кујната. И токму ова претставува една од неговите најголеми предности. Еден фрижидер со врвен дизајн може да стане привлечен детаљ во просторот во којшто сте го поставиле. Белата е класична боја, но во денешно време често е надополнета со сребрена и црна боја. И, ако ги разгледате опциите малку повеќе, ќе најдете исто така живописни, шарени, персонализирани и ретро фрижидери кои им се допаѓаат на љубителите на марката фолксваген.
Самостоен фрижидер со или без замрзнувач

Исто како и со вградниот фрижидер, ние, исто така, треба добро да размислиме дали ќе биде доволен самостоен фрижидер без дел за замрзнување или ќе ни треба мал замрзнувач. Ретро колекцијата на Горење, вклучува фрижидери со висина од околу 180 см и со дел за замрзнување со капацитет од 25 литри. Ова е доволно за замрзнување на неколку основни прехранбени производи, а целиот дел за замрзнување е скриен зад една убава врата во боја. Во Ретро колекцијата може да најдете и фрижидери со логото на фолксваген и поголеми фрижидери со висина од 185 cm со капацитет што ќе ги исполни потребите дури и на најголемите семејства – 307 литри.
Самостоен фрижидер без замрзнувач е идеален избор ако треба да го поставите во шпајзот или во подрумот, каде што слободно може да го движите наоколу.
Обезбедува неверојатен волумен за складирање храна и, исто така, содржи интересни решенија за внатрешно организирање.
Најпрактичниот апарат во кујната е несомнено самостојниот (невградливиот) комбиниран фрижидер кој обезбедува доволно простор во одделот за ладење и, исто така, гарантира дека можете да складирате замрзната храна. На овој начин, секогаш ќе имате при рака сè што ви треба и, истовремено, ќе избегнувате чести посети на подрумот, на шпајзот или често да одите во продавницата.
Ако се одлучите за самостоен фрижидер, ќе можете да ја претворите неговата метална врата во секогаш забавен простор за прикачување магнети за фрижидери и за семејни белешки што можат да донесат здрава доза на разиграност во вашата кујна.
Американски фрижидер
Се чини дека Американците имаат различен вид мерила во споредба со Европејците. Сè изгледа пошироко, подолго, повисоко ... поголемо. И фрижидерите, секако, не се исклучок. За големи семејства и за сите љубители на удобноста, ние, исто така, нудиме американски фрижидери. Тие се карактеризираат со дупла врата, со многу простор и значително простран дел за замрзнување на дното. И токму затоа што овој тренд налага сите кујнски апарати да бидат скриени зад соодветните кујнски површини, таквиот фрижидер е повеќе од совршен избор. Ако имате доволно простор, дефинитивно размислете за американскиот фрижидер. Обично, луѓето почесто се каат што купиле премногу мал фрижидер отколку ако купат преголем.
Карактеристики на фрижидерот за кои треба да знаете

Димензии
Ширина, висина и длабочина се основните мерила што треба да ги земете предвид при нарачувањето нов фрижидер. Ова е особено важно за вградните фрижидери кај кои инсталацијата зависи и од мерките на кујната.
Волумен
Капацитетот на деловите за ладење и за замрзнување се мери во литри. Секогаш проверувајте ги овие информации, затоа што надворешните мерки дадени за фрижидерот можат да даваат погрешен впечаток. Пронајдете го најдобриот можен компромис помеѓу надворешните мерки што можете да ги вклопите во вашиот простор и посакуваниот внатрешен волумен.
Годишна потрошувачка на енергија
Секогаш можете да ја проверите проценетата годишна потрошувачка на енергија на избраниот модел на фрижидер. Колку помалку KWh тој троши толку повеќе заштедува енергија.
Енергетска класа
Слично на другите апарати за домаќинство, ние, исто така, ги класификуваме фрижидерите во седум класи, од А до G, во зависност од нивната енергетска ефикасност. Фрижидерите од класата А имаат најголема енергетска ефикасност, додека фрижидерите од класата G имаат најмала ефикасност. Препорачуваме да купите апарати што заштедуваат што повеќе енергија, т. е. А, А ++, па дури и А +++, и, се разбира, нив можете да ги најдете во нашата линија.
Ниво на бучава
За време на работењето, фрижидерите испуштаат разновидни интересни звуци, што е сосема нормално. Како и да е, препорачливо е да знаете колку е бучен моделот што сте го избрале пред да го купите, особено ако имате намера да го поставите на централно место во вашиот простор за живеење каде што кујната и дневната соба се спојуваат во еден поголем простор.
Инвертер компресор
Инвертер-технологијата овозможува оптимално работење на фрижидерот, што значи дека тој поретко се вклучува и се исклучува и троши помалку електрична енергија. Исто така, не треба да го прескокнеме фактот дека уредите со оваа технологија имаат значително подолг век на траење.
NoFrost Plus (без дополнително одмрзнување)
Овој систем во замрзнувачот ја спречува акумулацијата на мраз, затоа што ефикасно циркулира ладен воздух и ја намалува влажноста со помош на вентилатор. Бидејќи нема влага, мразот или ледот не се формираат врз храната. Системот NoFrost Plus го обезбедува вистинското ниво на влага и спречува да дојде до сушење на свежите производи.
ZeroZone-фиока
За време на работењето, фрижидерите испуштаат разновидни интересни звуци, што е сосема нормално. Како и да е, препорачливо е да знаете колку е бучен моделот што сте го избрале пред да го купите, особено ако имате намера да го поставите на централно место во вашиот простор за живеење каде што кујната и дневната соба се спојуваат во еден поголем простор.
Ниво на бучава
Исклучително практичната фиока со најниска температура е идеална за складирање свежо месо или морска храна додека таа се маринира во текот на неколку часа.
AdapTech технологија
Честото отворање на вратата предизвикува ненадејно зголемување на температурата, а со тоа се изложува храната на термички шок и веројатно се придонесува таа побрзо да почне да се расипува. AdapTech технологијата ја следи фреквенцијата на отворање на вратите во првата недела од употребата на фрижидерот. Кога системот ќе почувствува кога вратата на ладилникот најчесто се отвора, тој автоматски ја намалува температурата за 1 до 2 °C пред времето на најчестото отворање.
SuperCool
Со активирање на функцијата за интензивно ладење SuperCool, фрижидерот обезбедува интензивно ладење помало од 3 °C до 6 часа. Оваа функција е идеална за брзо ладење на храната по обилни набавки на храна.
SimpleSlide полици
Инсталирањето на полиците на вратата на новите фрижидери од Горење е мошне едноставно, дури и ако се тие полни. Методот SimpleSlide ви овозможува едноставно да ги поместувате нагоре и надолу, во зависност од тоа колку простор ви е потребен.
XtremeFreeze фиока (за екстремно замрзнување)
Оваа функција ја замрзнува храната двапати побрзо од вообичаеното, на –30 °C. Храната што е замрзната исклучително брзо ги зачувува своите хранливи состојки и природниот вкус.
LedLight (лед-осветлување)
ЛЕД-осветлувањето во фрижидерите носи две исклучителни придобивки – елегантен изглед и ефикасност. Покрај тоа што обезбедува супериорно осветлување, тоа е, исто така, многу ефикасно и заштедува повеќе енергија отколку конвенционалните светилки.
FastFreeze (брзо замрзнување)
За да замрзнете поголеми количини свежа храна навистина брзо, можете да ја користите функцијата за брзо замрзнување, што е погодно за складирање на храната по обемни пазарувања. Фрижидерот ќе работи поинтензивно на –24 °C.
CrispZone фиока
Оваа фиока подолго ги одржува овошјето и зеленчукот свежи и крцкави. Нејзината ефикасност ќе ви заштеди пари и, во исто време, нема да мора да фрлате храна.
HumidityControl (контрола на влажноста)
Контролирањето на нивото на влажноста е клучно во фиоката каде што се складира овошје и зеленчук, бидејќи помага да се спречи нивното гниење. Можете целосно да се потпрете на фрижидерот со оваа функција – тој ќе ја зачува свежината на вашата храна многу долго време.
Multiflow 360°: повеќекратна 3Д воздушна циркулација
Циркулацијата на воздухот е, исто така, клучна за зачувување на свежината на храната. Функцијата Multiflow 360° дува воздух низ повеќе точки по целата висина на фрижидерот пролонгирајќи ја свежината на храната.
Фрижидери од Горење за секого
Колекцијата на големи апарати за домаќинството од Горење ги вклучува сите видови фрижидери: од самостоен (невградлив) до вградлив. Зошто да го изберете Горење? Бидејќи нашите апарати се многу повеќе од само апарати. Имајќи ве вас секогаш на ум, ние развиваме иновативни производи кои ќе ви го поедностават животот и ќе го направат попријатен. Ние, преку нашите производи, се гордееме со:

Дизајнерските линии
Фрижидери од Горење за секого Збогум на обичното. Светот на фрижидерите на Горење ви носи сè, од класично до фасцинантно, со невообичаени надворешни претстави и исклучително практични решенија за внатрешноста на нашите апарати.
Награди за оригиналните дизајни
Наградите „Red Dot“, „+X“ и многу други служат како доказ дека нашите производи се навистина убави и функционални. Ние веруваме дека истовремено ќе уживате во изгледот и во употребата на вашиот нов апарат.
5-годишна гаранција
Обезбедуваме 5-годишна гаранција за големите апарати за домаќинство вклучувајќи ги и фрижидерите. Ова го правиме за да ви покажеме дека цврсто веруваме во квалитетот на нашите производи и во нивната сигурност.
Поддршка и сервис за купувачите
Апаратите за домаќинство од Горење ви помагаат да ги извршувате вашите дневни задачи побрзо, подобро и со поголемо задоволство. За уште подобро искуство, можете да изберете еден од достапните волшебници кој ќе се погрижи вашата храна да се чува на таков начин што ќе се продолжи нејзината свежина. Ако сакате волшебниците да бидат приспособени според вашите апарати, регистрирајте ги вашите нови производи на веб-страницата на Горење.
Зошто воопшто би сакале да го регистрирате вашиот производ?
Регистрацијата отклучува едноставен пристап до поддршката за вашиот производ, можете да ја потврдите вашата гаранција кога сакате, и сите детали за вашите апарати ќе се соберат на едно место. Меѓу другото, ова е местото каде што можете лесно да поднесете барање за сервисирање. За да го регистрирате вашиот производ, потребно е само името на моделот на вашиот производ, серискиот број и датумот на купување. Регистрацијата се спроведува во три едноставни чекори, а потоа сте на пат кон безбедно и, пред сè, пријатно користење на вашиот производ.
Веќе 70 години, Горење произведува апарати за домаќинство кои ви го поедноставуваат животот со иновативни решенија. Низ овие години бевме дел од вашето семејство, што значи дека длабоко се приврзавме и се запознавме со вашите навики и желби. Затоа можеме да произведеме точно таков вид апарати какви што вие сакате. Со нашиот фрижидер можете да додадете маестрална нота на вашата кујна. Може да се истакнат вашата елеганција, рафинираноста, разиграноста и индивидуалноста. Нашите апарати се едноставни и интуитивни и тие го вклучуваат само најдоброто од она што може да ги понуди нашето знаење. Среќни сме што можеме да ја споделиме нашата висока технологија со вас за време на вашите посебни моменти. Фрижидерите од Горење додаваат шмек на свежина во вашиот дом, и тоа го прават на начин својствен само на нивната класа.