Сѐ-во-едно комбинирана рерна на пареа

Комбинирана рерна на пареа која нуди сѐ во еден апарат
ТОПЛИНА, ПАРЕА И SOUS VIDE

Комбинираните рерни на пареа ќе го променат начинот на готвење и јадење од повеќе причини. Главната причина е дека храната што ја готвите во нив дефинитивно ќе има подобар вкус. Верувајте ни на збор.

Готвењето на пареа е еден од најздравите методи за готвење. Топлината се пренесува на храната многу побрзо, па наместо да ја суши храната, пареата ја одржува влажноста, храната е повкусна и задржува повеќе хранливи материи. Готвењето на пареа ги задржува важните минерали и витамини и им овозможува на храната да ги задржи своите целосни и интензивни вкусови, текстура и боја. Покрај тоа, храната останува исклучително сочна и нежна.


5 причини зошто да купите рерна на пареа

Јадењата ќе бидат повкусни

Храната готвена на пареа е посочна и има одличен вкус. Зеленчукот останува компактен бидејќи клеточната структура е зачувана, но е привлечна и за око бидејќи пареата не ја менува бојата на храната. Јадењата не се сушат или загоруваат, тие се подготвуваат со помалку маснотии; одредени јадења може да се подготват целосно без маснотии. Готвачите кои се поискусни во готвењето на пареа можат да подготват речиси сѐ, вклучувајќи зеленчук, риба и месо, шпагети, ориз, компири, супи, јогурт и десерт.

Готвењето на пареа е најздравиот начин за подготовка на храна

Готвењето на пареа е еден од најздравите начини за подготовка на храна. Благодарение на пареата, храната ги задржува природните сокови и основните хранливи материи за нашето тело, како што се минералите и витамините. Сите рерни од Gorenje овозможуваат подготовка со користење на SOUS-VIDE методот до најпрецизен степен. Тоа е бавно готвење на пониска температура од 30 до 40 целзиусови степени па натаму, што е погодно за подготовка на месо, риба и секаков вид овошје и зеленчук.

Ќе заштедите време

Во комбинираните рерни, храната ќе се подготви побрзо во споредба со конвенционалните рерни. Дополнително, можеме да готвиме неколку јадења истовремено на различни нивоа. Можете да комбинирате подготовка на лосос, компири и зеленчук во исто време, без мешање на мирисот.

Чистењето и одржувањето е лесно

Чистењето на внатрешноста на рерната на пареа по употреба на пареа е исклучително едноставно, бидејќи пареата спречува сушење на нечистотијата. Истото важи и за отстранување на бигор, само следете ги упатствата дадени со рерната.

Три рерни во една

Во сите комбинирани рерни од Gorenje, можете да печете јадења, да готвите со пареа или да користите комбинација од двата методи.


Карактеристики на рерните на пареа од Gorenje

PureSteam
Без ниту една капка вода
Знаеме дека готвењето на пареа е здраво, но постојат разлики во начинот на подготовка. Рерните на пареа на Gorenje се потполно ослободени од вода во внатрешноста, благодарение на генераторот кој ја извлекува водата од пареата, така што внатрешноста и понатаму останува сува и чиста. Облакот од чиста пареа рамномерно се дистрибуира во рерната, без капка вода која може да ја расипе и да ја наводени храната.
SousVide метод
Само еден чекор до меко и вкусно јадење
SousVide претставува лесен но магичен трик: готвење во вакум кеси. Храната ја подготвува така што ги зачувува витамините, минералите и другите хранливи материи. Бидејќи храната се подготвува во вакум на ниска температура, внатрешноста на месото е сочна и мека а зеленчукот останува цврст и вкусен. Процесот се одвива во компактната рерна на пареа од Gorenje.
MultiSteam 360°
Природен спој на пареа и храна
Истиот вентилаторски систем од конвенционалните рерни, MultiFlow 360˚, се користи и во нашите рерни на пареа. Бидејќи пареата влегува во рерната низ бројни отвори, специјалниот вентилатор ја дистрибуира сосема рамномерно, давајќи ѝ на храната нежност и мекост. Само еден сад со вода е доволен за цел процес, без дополнително отворање на рерната, со што се заштедуваат време и електрична енергија и дава максимални резултати при подготовка на пареа.

Ајде да ја тестираме комбинираната рерна на пареа

„Најдобар стек досега!“
„Ммм ... Меки и крцкави компири!“

„Овие брокули не се како храната во градинка.“