OptiBake вградни рерни

НИЕ ЌЕ ГОТВИМЕ. ВИЕ САМО УЖИВАЈТЕ.
OptiBake ВГРАДНИ РЕРНИ

Знаеме дека времето е од суштинско значење и дека сакате максимално да го искористите вашиот ден. Поради оваа причина, новите OptiBake вградни рерни на Gorenje нудат голем број функции кои ќе го направат готвењето полесно и попријатно, но најважно од сѐ ќе трошат што е можно помалку од вашето време. Оставете ни го готвењето и уживајте во животот.

  • HomeMade - рамномерно печена храна секој пат благодарение на подобрата циркулација на воздухот и стабилната температура во рерната
  • SteamAssist - совршено готвена храна со крцкава кора со додавање на пареа во процесот на печење
  • AirFry - „пржена“ храна без дополнителни калории бидејќи овој метод на интензивно печење со топол воздух не бара никакви маснотии за да се обезбеди совршено вкусна и крцкава кора
  • FastPreheat - достигнува температури до 200˚C за само 5 минути, заштедува 30% од времето потребно со стандардното загревање на рерната


Запознајте ги OptiBake вградните рерни


Совршени резултати од печењето

AirFry
Здраво задоволство
Сега можете да уживате во крцкавоста и вкусот на помфрит без дополнителни калории. Овој метод на интензивно печење на топол воздух не бара маснотии за да се обезбеди совршено вкусна крцкава златна кора.Во комбинација со специјален перфориран сад за печење (во зависност од моделот на рерната), ќе постигнете уште подобри резултати за печење. Методот AirFry е погоден за помали парчиња месо, риба, зеленчук или полу-подготвена замрзната храна, како што се помфрит или „пилешки прсти“.
Брзо загревање (FastPheheat)
За инспирација во последен момент
OptiBake рерните достигнуваат температура до 200°C за само 5 минути, заштедувајќи 30% од времето потребно за класично загревање на рерната, што ги прави едни од најбрзите на пазарот.Оваа функција е одлична за рецепти за кои е потребна загреана рерна. Светлосен и звучен сигнал ќе ве извести кога рерната ќе ја достигне посакуваната температура.
BigSpace
Волумен од 77 литри
Дали сте подготвени за XXL рецепти? Иновативното дизајнерско решение овозможува поголема внатрешност на рерната и целосно искористување на ширината на рерната. На секој сад за печење има повеќе простор, а супериорната технологија ќе обезбеди подеднакво печена храна на сите нивоа.
ExtraSteam
Полесен начин за печење со пареа
Програмата ExtraSteam создава совршена средина за готвење со пареа, што гарантира дека вашиот леб добро ќе нарасне и ќе има крцкава кора. Сè што треба да направите е да ставите малку вода во плитка тава, да ја изберете програмата ExtraSteam и да ја оставите рерната да го направи остатокот.
Совршен грил (PerfectGrill)
Двоен грејач за рамномерно крцкава храна
Најдобри резултати за печење се постигнуваат со комбинација на голем и мал грејач, кога помалиот грејач се наоѓа во внатрешноста на поголемиот. Мудро позиционирање на грејачот обезбедува оптимална циркулација на топол воздух и носи одлични резултати за печење секој пат - така што храната е крцкава однадвор и мека одвнатре.
FrozenBake
Најбрзиот начин за печење замрзнати деликатеси
Оваа ефикасна програма за печење е совршен избор за сите замрзнати јадења и претходно подготвени оброци.
GentleBake
За супер сочна и мека храна
Оваа функција се однесува на лесно, бавно и рамномерно печење. На овој начин, влагата се задржува во храната, и останува супер сочна и мека. Погодна за подготовка на месо, риба или колачи на едно ниво.