Како да го изберете вистинскиот шпорет за вашата кујна?

Во мини-прирачникот во продолжение, ќе одговориме на сите ваши прашања во врска со шпоретите, комбинираните шпорети и придобивките од нив. Ќе ги опфатиме сите најчесто поставувани прашања, за да ви помогнеме да го изберете шпоретот од вашите соништата што го заслужувате.

Конечно, ќе ви помогнеме со совети и примери за различни комбинирани шпорети, кои ќе ви помогнат да се одлучите за најдобрата опција за вашето домаќинство. Подготвени ли сте да се нурнете во оваа проблематика?

Што е тоа комбиниран шпорет?

Комбиниран шпорет е кујнски апарат што претставува комбинација од рерна и плотна за готвење во едно. Комбинираните шпоретите често се достапни во обете опции, и на плин и на електрична енергија, што ги прави исклучително разновидни.

Стандардниот комбиниран шпорет обично има главна рерна, како и мала скара, односно грил-опција. И покрај тоа што честопати се поголеми од конвенционалните шпорети, тие не трошат повеќе енергија, особено оние со енергетска ефикасност од рангот означен со А.

Тие нудат многу предности во споредба со конвенционалните плотни на шпоретите и со рерните.

Главните предности на комбинираниот шпорет се:

  • Рамномерно готвење: бидејќи комбинираните шпорети при готвењето се опремени со вентилатор, тие ја шират топлината рамномерно правејќи го процесот на готвење уедначен и конзистентен.
  • Дополнителни параметри: тие нудат некои возбудливи карактеристики како складирање на топлината, смели и убави бои и поголема флексибилност при готвењето.
  • Изглед: познати се по впечатливиот изглед. Како такви, тие нудат фантастичен визуелен додаток на секоја кујна, без оглед на нејзината големина!
  • Инвестиции: комбинираниот шпорет може да претставува долгорочна инвестиција што претпоставува многу повратни ефекти.
  • Вок-рингла: голем број комбинирани шпорети исто така се карактеризираат и со вок-рингла за совршен помфрит!
  • Простор за складирање: може да се користи за чување на тави за печење, садови или друга опрема во фиоките за складирање.
  • Скара или грил: на многумина ќе им се најде при рака специјалната скара, дизајнирана за печење најсочно месо или зеленчук, што нормално би можело да се доживее само во една професионална кујна!

На крајот, но не и помалку важен е фактот дека тие се лесни за монтажа и можат да го намалат времето потребно за приготвување на јадењата. Што не би ви се допаднало?

Најдобрите комбинирани шпорети ќе претставуваат комбинација и на функционалноста и на впечатливиот визуелен изглед. Некои од нив ќе ѝ дадат на вашата кујна носталгичен ретро изглед, додека други ќе ја збогатат со елегантен модерен изглед.

Воопшто, тие се прекрасен додаток на секоја кујна и особено се популарни кај поголемите семејства. Во последниве години, тие беа избор на гурманите, љубителите на јадења, кои ги ценат фантастичните јадења, приготвени до совршенство.

Кои се најдобрите шпорети на плин?

Можеби ќе се запрашате што е тоа што навистина го дефинира шпоретот на плин како квалитетен. Постојат многу работи што треба да се земат предвид при купувањето.

При изборот на нов шпорет на плин, посебно ќе треба да внимавате на две карактеристики: сигурност и лесна употреба. Не заборавајте дека шпоретите на плин се инвестиција што ќе трае со децении, ако не и цел живот. Ова значи дека треба да одвоите многу време кога донесувате одлука и да контактирате со професионалци во овој вид производство за да добиете одговори на сите специфични прашања што си ги поставувате.

Генерално, еве неколку фактори кои дефинираат еден одличен шпорет на плин:

  • Брзина: колку брзо тој може да достигне температура на вриење?
  • Лесна употреба: колку лесно и интуитивно може да се готви на шпоретот?
  • Гаранција: колку трае гаранцијата (доколку воопшто има) што ја нуди производителот?
  • Дигитални параметри: дали шпоретот нуди некои дополнителни функции како што се тајмери?
  • Чистење: колку е лесно да се исчисти?

Друга возбудлива опција се комбинираните шпорети со користење на два вида енергија. Овој врвен кујнски апарат се карактеризира и со плоча за готвење на плин, како и со електрична рерна. Користејќи плин и електрична енергија како извори на енергија, комбинираните шпорети, кои функционираат на два вида енергија, нудат можност за готвење на невиден опсег на јадења. Големите семејни собири и заеднички оброци никогаш не било полесно да се организираат!

Овие првокласни апарати не наликуваат на ниту еден друг кујнски апарат – тие се вистинска инвестиција за цел живот во авантурите на готвењето.

Индукциски шпорет наспроти обичен електричен шпорет

Како што споменавме претходно, на пазарот постојат различни типови комбинирани шпорети. Можете да изберете електричен, на плин или индукциски комбиниран шпорет, во зависност од вашите лични преференции.

Во продолжение е наведено сè што треба да знаете пред да донесете одлука да купите индукциски или електричен комбиниран шпорет.

Прво и најважно, важно е да запомните дека нема правилен или погрешен избор. И индукциските и електричните шпорети имаат свои позитивни и негативни страни, кои треба да се имаат предвид. Подготвивме брз преглед на некои од најважните карактеристики кои можат на некаков начин да ги одредат мерилата.

Да почнеме со електричниот шпорет. Овој тип шпорет користат електрична енергија со која се напојуваат преку жичен систем и на тој начин се произведува топлина за загревање на тенџерето или на тавата. Ринглата ќе добие светлопортокалова боја што покажува дека таа ја достигнува потребната топлина.

За разлика од електричните шпорети, индукциските шпорети користат електромагнетно поле. Накратко, индукцијата се однесува на генерирање електрична енергија со употреба на магнетна енергија. Внатре, во плочата со рингли, има метален калем што се контролира електронски. Откако ќе го вклучите шпоретот, таа ќе почне да генерира константно променливо магнетно поле. Ова значи дека индукциските шпорети не создаваат топлина директно.

Сега, кога ги разгледавме основите, да разгледаме неколку позитивни и негативни страни на двете опции за готвење. Индукциските и електричните шпорети може да изгледаат многу слични, но има некои важни разлики помеѓу нив.

ОБИЧЕН ЕЛЕКТРИЧЕН / ИНДУКЦИЈА

Цена: Поевтин / Поскап, но најевтин за употреба
Ефикасност: Во ред / Највисока топлинска ефикасност
Безбедност: Вообичаено  /Безбедно за семејството
Брзина: Не е многу реактивен, загревањето и ладењето се одвиваат бавно. / Многу реактивен, но бара специфични тенџериња и тави.

Индукциските шпорети трошат помалку енергија, што ги прави енергетски многу поефикасни. Тоа е така затоа што тие се во можност директно да го загреваат садот за готвење, наместо индиректно како електричните шпорети. Практично, топлината не се троши без потреба, што значи дека вашите сметки за енергија ќе бидат пониски.

Второ, индукцискитее рингли обично се сметаат за најбезбедна опција. Нема потреба да се грижите за случајно вртење на копчето што би предизвикало некакви безбедносни проблеми. И да има тава на плотната на шпоретот, нема да се создава топлина.

Друг важен елемент што треба да се разгледа е брзината. Не само што се најбезбедни, туку индукциските рингли се загреваат најбрзо. Тие се загреваат многу побрзо и имаат попрецизна, скоро моментална контрола на температурата. Ова значи дека ќе потрошите помалку време чекајќи да зоврие вода. За возврат, исто така, нема да се грижите за топлаите керамички чинии што би можело да предизвикува проблеми со безбедноста по готвењето. Откако ќе ја отстраните тавата, топлината нема да се задржи на вашата индукциска чинија.

И на крајот, апаратите за готвење со индукциски рингли се значително поскапи, што значи дека почетната инвестиција ќе биде поголема. Покрај тоа, исто така ќе треба да бидете малку повнимателни кога купувате нови садови за готвење. За разлика од електричните шпорети, на индукциската плотна за готвење може да се работи само со садови од нерѓосувачки челик или од железо. Ова значи дека постои можност дека можеби ќе треба да ги замените постојните садови за готвење.

Сепак, вреди да се напомене дека индукцијата ќе заштеди значителни количини на енергија во споредба со комбинираните електрични шпорети, што значи дека наскоро таа ќе ви се исплати.

Што треба да се очекувате од рерната на шпоретот?

Рерната на шпоретот не треба да биде поразлична од обичната вградена рерна. Треба да создадете можност за избор помеѓу извор на плин и електричен извор или помеѓу конвенционални, рерни на пареа и рерни со вентилатор. Па дури има и различни опции за чистење кои се движат од редовното до најпопуларното, пиролитичкото.

Бидејќи фурните како дел од шпоретот се помалку популарни од вградените рерните, нема толку многу различни комбинации и стилови за избор. Значи, прво треба да ги поставите вашите приоритети и да откриете што точно ви треба. Еве брз преглед на она што треба да го знаете.

Првото прашање е изворот на енергија: електрична енергија или плин? Електричните рерни се попрецизни, порамномерно печат и се загреваат многу побрзо. Затоа, кога станува збор за фурните, многумина ја претпочитаат електричната енергија. Сепак, голем е бројот на оние што сè уште ги сакаат предностите на горилникот на плин на плотната на шпоретот наместо индукцијата. Добрата вест е што има многу шпорети со двојна опција кои користат горилник на плин на плочата за готвење и електрична енергија за рерната – на тој начин можете да го добиете најдоброто од двата света.

Вториот избор е помеѓу рерна на пареа и обична рерна. Иако е вистина дека рерните на пареа се избор за еден професионалец, вие може да го преиспитате вашето купување ако не ја користите редовно рерната и да печете само кога е тоа најнеопходно, бидејќи шпоретите со рерна на пареа тежнеат да бидат многу поскапи. Сепак, мора да се потврди дека рерните на пареа навистина даваат најдобри резултати при печењето, а оброците подготвени на нив се многу поздрави.

Последно, но сигурно не и помалку важно, чистењето е главен дел при изборот на вистинскиот шпорет. Особено ако го користите често. Иако постојат многу различни техники за рачно чистење на рерната, ништо не може да ја победи пиролитичката рерна со автоматско чистење. Користејќи висока температура, темелно ги чисти сите остатоци. Сè што треба да направите е да ја избришете пепелта што останува. Имајќи го тоа предвид, ако немате буџет за пиролитички шпорет со рерна, само навикнете се редовно да ја чистите рерната и таа нема да ви одзема премногу време.

 

Листа на прашања на кои треба да одговорите пред да купите шпорет

Кога купувате шпорет, треба да разгледате неколку фактори.

Прво, и не е за изненадување тоа што ќе треба грубо да го одредите буџетот. Тогаш ќе треба да одлучите каков тип енегрија ќе барате. Трето, исто така ќе треба да размислите за вашиот простор. Измерете го внимателно и побарајте димензии на рерна што се вклопува во тие мерки.

Овие три фактори треба да помогнат да ги намалите вашите опции, што го прави вашиот избор значително полесен.

Откако ќе ги разгледате основите, ќе треба да си поставите дополнителни прашања како што се:

  • Каков тип горилник ќе барате?
  • Каква боја и изглед ќе одговараат најдобро за вашата кујна?
  • Дали барате некакви паметни карактерстики какви што се тајмерите?

 

Примери за различни комбинирани шпорети

Сега, кога ги покривме сите совети и трикови, да разгледаме неколку практични примери. Горење е вистински лидер во индустријата кога станува збор за сите работи поврзани со готвење и печење, нудејќи огромна разновидност на апарати. Почнувајќи од рерни, плочи, шпорети, аспиратори, микробранови печки итн., големи се шансите секој да го најде својот нов апарат од соништата што веднаш ќе заблеска во кујната.

Кога станува збор за обични шпорети и комбинирани шпорети за готвење, Горење сигурно нема да ве разочара.

Шпоретот со 60 cm од моделот EC6451WPB нуди повеќе нивоа на печење, ултраотпорен мазен премаз, систем за чистење AquaClean и нежно затворање со мек допир. Уште повеќе, тој обезбедува до 70l капацитет на рерната, што ви дава повеќе простор за поголема слобода за готвење. Тоа е навистина фантастичен апарат, кој ги обединува елегантниот изглед и максималната разновидност. Генијалната рерна на Горење е лесна за чистење, високоотпорна и секогаш доверлива.

Ако барате индукциски шпорет со опсег од 90 cm, тогаш не барајте повеќе од EIT6565XPD на Горење. Тој нуди супериорна индукциска плоча за готвење, ултраотпорен слој и голем простор во рерната. Покрај тоа, неговата рерна има овална форма што ги имитира старомодните печки на дрва со оптимална циркулација на воздухот. Вашата храна никогаш нема да биде покревка или посочна!

Љубителите на комбинираните шпорети на плин ќе се радуваат на GI6121WH, самостоен шпорет потполно на плин. Нуди иновативно рачно палење на горилникот, голема површина за печење за XXL рецепти, како и оригинална HomeMade овална форма на рерната.

Друг суперпопуларен шпорет е комбинираниот шпорет со димензии од 90 cm од моделот E6151WA. Нудејќи ви три брзи електрични рингли и една стандардна рингла и површина за печење SuperSize, тој ви овозможува возбудливо искуство при готвењето. Тој ви ги нуди не само основни карактеристики како што се вентилација и кружно вентилаторско загревање, туку и функциите FastPreheat (брзо загревање), AquaClean (чистење со вода), WarmPlate (одржување на топлина на чиниите) и одмрзнување.

Барате повеќе? Истражете го целиот асортиман на шпорети од Горење тука и разгледајте ги комбинираните шпорети со опсег од 90, 100 и 110 cm, подготвени да го возвишат вашето кулинарско искуство! И не се двоумете да нѐ контактирате доколку ви треба дополнителен совет.