IonGeneration fridge freezers

  • Need freshness? No problem.

Ion Generation refrigerators ensure complete freshness of food, no matter what you store in them and how often you open them.

Gorenje IonGeneration fridge freezers are designed for maximum freshness.

Their IonAir with MultiFlow 360˚ technology continuously refreshes the air to simulate the natural microclimate and provide perfect storage conditions.

With smart, user-friendly functions they seamlessly adapt to your lifestyle

No matter how often you open the fridge door, AdaptTech maintains the optimal temperature and keeps your food in perfect shape.

Prevents the accumulation of frost

NoFrost Plus cooling system prevents the accumulation of frost and eliminates defrosting. Now also available with the integrated HiddenHandle.


Maximum freshness

AdaptTech технологија
Фрижидер што ги препознава вашите навики
Овој „паметен“ систем е осмислен за одржување на оптимална температура во фрижидерот во зависност од тоа колку често ја отворате вратата. Кога вратата е отворена, температурата одеднаш расте и храната е изложена на термален шок којшто за возврат предизвикува таа поскоро да се расипе. Фрижидерот континуирано го следи и го анализира начинот на којшто го користите. Така, тој може да предвиди кога ќе ја отворите вратата на ладилникот и токму пред тоа да го сторите, тој ја намалува температурата од 1 до 2 °C за да се осигурате дека се одржува константна температура и дека храната останува свежа и полна со хранливи материи.
NoFrostPlus технологија
Нема повеќе здодевно одмрзнување
Еден од најдобрите системи за ладење на пазарот, инсталирани во преградата за замрзнувач, го спречува натрупувањето на мраз за да се одржи ниско ниво на потрошувачка на енергија, додека во одделот за ладење, тоа одржува идеална микроклима за свежа храна. Циркулацијата на јонизиран воздух ја заштитува храната од исушување и ги задржува во неа витамините и минералите.
Скриена рачка
Елегантно и лесно одржување
Стилската скриена рачка е интегрирана во вратата на фрижидерот за да обезбеди елегантен модерен изглед, кој се вклопува во стилот на секоја кујна. Едноставниот дизајн обезбедува лесно чистење и одржување.
Инвертер компресор
Стабилен, тивок и издржлив
Во споредба со конвенционален мотор, инвертерскиот мотор подобро и побрзо се прилагодува на сите промени во температурата на фрижидерот, што го прави поефикасен и економичен. Тој, исто така, има подолг век на траење и пониско ниво на бучава.
ConvertActive ладилник
Забавата може да почне
Кај ConvertActive ладилникот потребно е само едноставно притискање на едно копче за да се претвори одделот за замрзнување во оддел за ладилник, создавајќи повеќе простор за складирање на закуски и на пијалаци.
CrispZone фиока со HumidityControl
Свежо како од градина
CrispZone е една од најголемите фиоки за овошје и зеленчук на пазарот. Ниската температура и можноста за подесување на нивото на влажност ја продолжува свежината на намирниците.
ZeroZone фиока
Свежо како директно од море
Фиоката со температура од околу 0 °C е идеална за чување на свежо или маринирано месо, риба или морска храна. Ја продолжува свежината на деликатната храна и ја задржува природната сочност и хранливите вредности.
FastFreeze
Брзо замрзнување на храната
Функцијата за брзо замрзнување (FastFreeze) ги замрзнува намирниците на -24 °C за да се задржат минералите во храната. По 6 часа, автоматски ќе се прекине оваа фунција и замрзнувачот ќе продолжи да работи по претходно поставената температура.
CrispActive фиока со VitaLight
Продолжена свежина
Корпата за овошје и за зеленчук со специјален VitaLight го продолжува одржувањето на свежината на храната. Спектар на портокалова светлина го забавува природниот процес на созревање на овошјето и на зеленчукот заради зачувување на витамините и минералите.
А+++ енергетска класа
Одлична енергетска ефикасност
Сите фрижидери се со висока енергетска ефикасност. Одличната топлотна изолација и подобреното затворање на вратата, инвертер компресорот и електронската или механичката контрола ефикасно ја намалуваат потрошувачката на електрична енергија. Фрижидерите со енергетска класа А+++ заштедуваат до 60% електрична енергија за разлика од оние со А енергетска класа.
IonAir со DynamiCooling
Задржува само пријатна арома
Воздухот збогатен со дополнителни негативни јони го задржува вкусот и ги отстранува непријатните миризби, додека напредниот DynamiCooling систем на вентилатори ја изедначува температурата низ целиот фрижидер и рамномерно распределува јонизиран воздух, што овозможува кој било вид храна да се стави на која било полица.
IonAir со MultiFlow 360° функција
Идеална микроклима на секоја полица
Напредната технологија во ладилниците ја пресликува природната микроклима за да се осигура дека храната ќе остане свежа подолго време. Негативно наелектризираните јони генерирани од страна на апаратот континуирано го освежуваат воздухот за да ја имитира природната микроклима и со тоа да се креира идеална средина за свежа храна. Вентилацискиот систем MultiFlow 360° еднакво го дистрибуира јонизираниот воздух преку 14 вентилациски отвори за да се одржи константна температура на секоја полица.
SuperCool
Брзо ладење на поголема количина на храна
Интензивната функција за ладење ја намалува температурата до 3°C, што е речиси половина пониска од вообичаената температура. Во комбинација со поголемиот капацитет, оваа температура е идеална за брзо ладење на поголема количина храна по обемно пазарување. По шест часа, функцијата автоматски ќе се исклучи и ладилникот ќе продолжи да работи по претходно подесените параметри.