ПОМОШНИЦИ ЗА КОРИСТЕЊЕ GORENJE АПАРАТИ
Апаратите за домаќинство од Gorenje ви помагаат да ги извршувате секојдневните задачи побрзо, подобро и со поголемо задоволство. За уште подобро искуство, изберете еден од помошниците што ги нудиме и кој ќе се погрижи вашата омилена облека да биде во совршена состојба, свежата храна соодветно да се складира и да се чува свежа што е можно подолго. Помошниците исто така ќе ве инспирираат да подготвите вкусни јадења.
Ако сакате помошниците да бидат прилагодени на вашите апарати, регистрирајте ги.
Пробајте ги помошниците за да ви го олеснат животот

Изберете го типот на алишта, бојата и типот на дамка и одредете го нивото на извалканост. Помошникот ќе предложи сетирање на машината за перење за најдобри резултати при перењето.

Изберете го типот на алиштата и нивото до кое сакате да се исушат алиштата, а помошникот ќе ги предложи параметрите што ќе овозможат најдобри резултати.

Вашиот фрижидер има посебни делови за најдобро складирање на различни видови храна. Помошникот ќе ви покаже како да ја одржувате храната свежа подолг временски период.

Запознајте ја вашата индукциска плоча и искористете ги сите придобивки што ги нуди!

Научете како да го прилагодите кујнскиот аспиратор за да го освежите просторот што е можно побрзо и економично.

Помошникот нуди менија составени од три јадења, кои ќе ги маѓепсаат вашите гости.
Рецепти за вашата Gorenje рерна
Во колекцијата на рецепти можете да изберете од идеи за подготовка на предјадење, појадок, десерт, ручек, главно јадење и прилог. Сите рецепти се внимателно тестирани во нашата лабораторија и прилагодени за работата на нашите рерни од Gorenje. Кога ќе го најдете рецептот што сакате да го пробате, вие исто така избирате рерната да почне да пече. За секоја рерна нудиме параметри кои гарантираат успех!
