Gorenje PizzaPlus

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА СОВРШЕНА ДОМАШНА ПИЦА

Помалку грижи, повеќе навивање

Зголемете ја температурата - за денот на натпреварите и совршената пица

Подгответе се да уживате во Европско првенство во ракомет за жени EHF EURO 2024 со вашето семејство и со пријателите. Организирањето на гледањето на натпреварите е лесно со новата Gorenje PizzaPlus рерна, така што можете да се фокусирате на навивање додека рерната ја врши целата работа. Со висока температура од 350°C, испорачува победничка пица за само 3 минути и 30 секунди. Додека е вклучена рерната, нема да се потите, бидејќи однапред дефинираната програма за пица, специјалниот сад за печење и лопата за пица обезбедуваат победа без напор. Затоа што со Gorenje секоја пица и секој натпревар е причина за славење.


На некои им се допаѓа жешко, на шампионите пожешко

Исто како и во спортот, каде што интензитетот го извлекува најдоброто кај играчите, клучната состојка за правење пица со целосен вкус и совршена кора е топлината - сериозна топлина. Затоа нашата PizzaPlus рерна може да достигне неверојатно високa температурa до 350°C. Со одржување на топол воздух во горниот дел од рерната со специјален метален саа за пица, оваа рерна гарантира победнички резултати за само 3 минути и 30 секунди.

Победничка пица - едноставнo и брзo

Со едноставно користење на специјалниот сад за пица на горните водилки на вашата Gorenje PizzaPlus рерна, рерната станува најдобриот експерт за печење пица. Ова создава помал простор кој се загрева до потребните високи температури потребни за да се постигнат совршени резултати. Тоа е едноставно, но многу ефикасно решение, кое обезбедува совршена домашна пица секој пат.


Помалку работа, повеќе време за навивање

Gorenje, како официјален партнер на женското ракометно Европско првенство EHF EURO 2024, ви помага секогаш да излезете победници во правењето пица. Со паметна комбинација на додатоци, подготвувањето совршени пици е полесно од кога било. Погледнете го во кратко видео - правиме вкусна маргарита.



Не пропуштајте други предности