SousVide метод
Само еден чекор до меко и вкусно јадење
SousVide претставува лесен но магичен трик: готвење во вакум кеси. Храната ја подготвува така што ги зачувува витамините, минералите и другите хранливи материи. Бидејќи храната се подготвува во вакум на ниска температура, внатрешноста на месото е сочна и мека а зеленчукот останува цврст и вкусен. Процесот се одвива во компактната рерна на пареа од Gorenje.
Автоматски програми
Дури и почетниците можат да готват
Рерните од Gorenje нудат можност за целосно автоматко готвење на повеќе од 80 рецепти, што е идеално за почетници. Тајната на автоматскиот режим е многу едноставна – сите параметри како што се: време, температура и моќноста на грејачот, автоматски се приспособени. Сè што треба да направи корисникот е да одбере тип на јадење, тежина и... да притисне СТАРТ. Нашата рерна ќе се погрижи за се друго.
Печење на повеќе нивоа
Многу специјалитети истовремено
Комбинацијата на MultiFlow 360˚и HomeMade обликот помага да се постигне највисоката цел: подготовка на пет тави со различна храна во исто време. Добра вест: вкусовите и мирисите не се мешаат! Паметната распределба на воздухот осигурува подеднакво печење на храната на секое ниво. Бидејќи капацитетот на рерната е поголем, прегледноста е многу подобра. Моделите од Superior линијата овозможуваат тавите со храна да се печат на пет различни нивоа.
BigSpace
Повеќе простор за поголема слобода при готвењето
Кај новата генерација на рерни од Gorenje, карактеристичната форма на сводот е скриена под горната маска. Оптималната количина на топол воздух слободно циркулира низ пространата внатрешност. Зголемениот капацитет овозможува подготовка на повеќе храна, во повеќе тави, и покрај тоа што надворешните димензии се исти. Наместо претходните 3 нивоа, рерната овозможува печење на 5 нивоа истовремено. Капацитетот се движи од 75 литри во стандарните рерни до 53 литри во микробрановите печки и е најголем капацитет на пазарот.
Сушење на храната (Dehydration)
Супер храна, секогаш при рака
Сувото месо, овошјето, зеленчукот и билките можете да ги подготвувате дома, многу брзо. Дехидратацијата е можна истовремено на 5 нивоа, со што заштедувате време и електрична енергија.
Јогурт
Најлесен начин да бидете здрави
Можеби, сè уште не сте слушнале, но здрав јогурт може да се подготви и во домашни услови. Се подготвува на 40˚C околу 3 часа, со мала помош на додатокот од Gorenje.
PureSteam
Без ниту една капка вода
Знаеме дека готвењето на пареа е здраво, но постојат разлики во начинот на подготовка. Рерните на пареа на Gorenje се потполно ослободени од вода во внатрешноста, благодарение на генераторот кој ја извлекува водата од пареата, така што внатрешноста и понатаму останува сува и чиста. Облакот од чиста пареа рамномерно се дистрибуира во рерната, без капка вода која може да ја расипе и да ја наводени храната.
MultiSteam 360°
Природен спој на пареа и храна
Истиот вентилаторски систем од конвенционалните рерни, MultiFlow 360˚, се користи и во нашите рерни на пареа. Бидејќи пареата влегува во рерната низ бројни отвори, специјалниот вентилатор ја дистрибуира сосема рамномерно, давајќи ѝ на храната нежност и мекост. Само еден сад со вода е доволен за цел процес, без дополнително отворање на рерната, со што се заштедуваат време и електрична енергија и дава максимални резултати при подготовка на пареа.
Декалцинирање (Decalcination)
Бигорот повеќе не е проблем
Отстранувањето на бигорот од резервоарот се прави автоматски. Кога ќе биде потребно, алармот ќе ве потсети да ја вклучите оваа функција. Бидејќи се додава специјален раствор, целиот процес трае еден час.
Здраво подгревање (HealthyReheating)
Подеднакво подгреано или одмрзнато
Комбинираната рерна на пареа може да се користи за да се подгрее или одмрзне јадењето. Кога се загрева храната, таа не се готви дополнително и никогаш не се суши. Одмрзнувањето е доволно унифицирано и нежно за да не ја промени структурата на храната. Поради тоа, подгревањето и одмрзнувањето во рерната на пареа едноставно е поздраво.
Сонда за месо (MeatProbe)
Совршено испечено, секој пат
Со контролирање на температурата внатре во месото, специјалната сонда го следи целиот процес на подготовка и го активира алармот доколку е потребно.
Бавно готвење (SlowBake)
Постепено до комплетно совршенство
SlowBake технологијата ја пече храната на ниска температура и до 6 часа. Поради долгото време на подготовка, месото и рибата се меки, но ги задржуваат својата сочност, арома и хранливост.