-
Ладење и замрзнување
-
Самостојни фрижидери
СВЕЖИНА СЕКОГАШ ПРИ РАКА
-
Самостојни комбинирани фрижидери
ВИСТИНСКИОТ ЗА ВАС
-
Side by Side
ГОЛЕМ КАПАЦИТЕТ
-
Retro
УЖИВАЈ ВО РЕТРО ДЕНЕС
-
Ладилници
ОСВЕЖУВАЧКИ ГОЛЕМИ
-
Вградни фрижидери
-
Вградни замрзнувачи
БЕСПРЕКОРНО ИНТЕГРИРАНО, СОВРШЕНО ЗАМРЗНАТО
-
Вертикални замрзнувачи
ПРАВИЛНО ЗАМРЗНУВАЊЕ
-
Хоризонтални замрзнувачи
ПОВЕЌЕ ПРОСТОР ЗА ЗДРАВА ЗАМРЗНАТА ХРАНА
- Ледомати
-
Самостојни фрижидери
-
Перење и сушење алишта
Нека одржувањето алишта биде едноставно.
-
Миење садови
За совршен резултат
-
Готвење и печење
- Вградни рерни
- Вградни плочи за готвење
- Вградни сетови
- Аспиратори
- Шпорети
- Микробранови печки
- Преносни индукциски плочи
- Повеќенаменски апарати за готвење
- Скари и контактни грилови
- Апарати за правење леб
- Додатоци за апарати за готвење
OmniFlex индукциски плочи -
Подготовка на храна
- Кујнски роботи
- Мултипрактици
- Тостери
- Миксери
- Блендери
- Сецкалки
- Апарати за мелење на месо
- Резачи
- Бокали за вода
- Апарати за кафе
- Дехидратори за сушење храна
- Соковници и цедачи на агруми
- Кујнски ваги
- Садови за готвење
- Лепачи на кеси
- Додатоци за апарати за подготовка на храна
Апарати за здрави сокови -
Дом и лична нега
- Правосмукалки
- Пегли и генератори на пареа
- Oвлажнувачи и одвлажнувачи на воздух
- Ваги за телесна тежина
- Апарати за нега на коса
- Додатоци за апарати за дом и лична нега
Ефикасни правосмукалки -
Греење и ладење на домот
За удобност на удобен дом
-
Hisense клима уреди
Inverter Expert
- MK
- Омилени
- Најави се Најави се
- Кошничка
- Пребарувајте
Добре дојдовте назад. Anonymous!
Почитуван кориснику, ги надградивме нашите безбедносни системи и овозможивме еднократно најавување за сите наши брендови. Акцијата беше преземена за да се подобри заштитата на нашите дигитални платформи и да ви овозможи беспрекорно да се движите помеѓу нашите брендови. Како дел од безбедносната надградба, ресетирајте ја лозинката за вашата сметка на Мое Горење од 03.10.2024 година.
Ако веќе сте ја ресетирале лозинката, не се потребни нови дејства.
Ако немате сметка на Мој Хајсенс, прво треба да се регистрирате. Ви благодариме.
Регистрирајте ја Вашата нова сметка на mk.gorenje.com и поедноставете го вашето искуство при купување и при изборот на производи:
- Регистрирајте ги вашите апарати за да ги имате сите податоци на едно место
- Проширете ја регистрацијата на вашиот апарат
- Брз, едноставен и транспарентен систем за поплаки
- Сите информации за апаратите што ги користите
- Уживајте во лесното онлајн купување
- Управувајте со претплата за билтен за е-пошта
- И многу повеќе
Најавете се со сметка од социјални медиуми
Или најавете се со Вашите податоци.
Здрави рецепти
Ден за детокс
Користете соковник за бавно цедење
Состојки
за 1 чаша сок:
- 8 листови свежа зелка
- 1 краставица
- 1 јаболко
- 1 портокал
Подготовка
- Измијте ги листовите зелка и исечете ги на поголеми парчиња.
- Измијте ги краставицата, јаболкото и портокалот и исечете ги на долгнавести парчиња средна дебелина.
- Состојките притиснете ги во соковникот.
Сокот ставете го во чаша и украсете ја со парче портокал.
Виолетов микс
Користете соковник за бавно цедење
Состојки
за 1 чаша сок:
- 1/2 главица црвена зелка
- 1/2 луковица анасон
- 2 јаболка
- 1 корен целер
- 1/2 портокал
Подготовка
- Измијте ги зелката и анасонот и исечете ги на поголеми парчиња.
- Измијте ги јаболката, излупете го портокалот и исечете ги на големи парчиња.
- Измијте го целерот и исечкајте го на долгнавести парчиња со средна дебелина.
Состојките истискајте ги во соковникот.
Истурете го сокот во една чаша и украсете ја со парче јаболко.
Пикантен хумус
Користете моќен блендер
Состојки
- 200 гр сушен наут
- 3 чешниња лук
- 3 супени лажици сок од лимон
- 2 лажици маслиново масло
- 2 лажици таан (паста од сусам)
- 100 мл зовриена вода од наут
- прстофат сол и бибер
- 1/4 лажичка буковец
- 1 лажичка семе од синап
- свежо сечкан магдонос
Подготовка
- Наутот треба да кисне 20 часа. Потоа, измијте го и сварете го.
- Зачувајте настрана 100 мл од зовриената вода.
- Префрлете го сварениот и жежок наут во бокалот од блендерот и додајте вода.
- Додадете лук, сок од лимон, маслиново масло, таан, сол и бибер.
- Додадете буковец за вкус.
- Изберете ја претходно поставената програма „јатки“ („nuts“).
- Послужете го ладно.
Украсете со сусам и сечкан магдонос.
Распрскана соја
Користете силен блендер
Состојки
- 300 гр зрнеста соја
- 3 кисели краставички (кисели корнишони)
- 1,5 лажица сенф
- 1,5 лажица кисела павлака
- 1,5 лажичка путер
- 8 лажици маслиново масло
- 1/2 мал кромид
- 3 чешниња лук
- 3 лажици фета сирење
- 1 dl вода Китка магдонос
- Сол, бибер
Подготовка
- Потопете ги зрната од соја најмалку 12 часа. Потоа, измијте ја и сварете ја.
- Кога ќе се олади, префрлете ја во бокалот од блендерот.
- Додадете ги сите други состојки.
- Зачинете по вкус и додадете сечкан магдонос.
- Изберете ја претходно поставената програма „јаткасти плодови“/"nuts".
- Послужете со тост-леб и сирење или пршута.
Слатка каша од просо
Користете преса за масло
Состојки
за 4-мина:
- Потопете ги семките од сончоглед да стојат 24 часа.
- Смелете ги и додадете лук.
- Истурете во смесата сончогледово масло и сок од лимон и зачинете по вкус.
- Додадете сечкан свеж или сув магдонос.
- 100 гр каша од просо
- 1 јаболко
- 1 банана
- 0,5 л сок од јаболко
- една лажичка цимет
- прстофат ванила во прав
- суво грозје
- 1 лажица ладно цедено масло од ореви
Подготовка
- Варете го просото во сок од јаболко.
- Јаболкото и бананата исечкајте ги на мали парченца.
- Додадете суво грозје, цимет и ванила.
- Просото прелијте го со масло од ореви.
- Промешајте и јадењето послужете го додека е топло.
Масло од семе од тиква
Користете преса за масло
Содржи триглицериди и фитостероли, богато со протеини, минерали, незаситени масни киселини и витамини А, Е, Ц и К.
- Потребно количество на семки од тиква 500 гр потребно за 2 dl масло
- Три лажички дневно, пред оброк
Здравствени придобивки
- Ги ублажува проблемите од зголемена простата.
- Го помага варењето на храната.
- Го забрзува дејствувањето на желудникот.
- Го поддржува имунолошкиот систем.
- Позитивно влијае на расположението.
- Го намалува лошиот холестерол.
Готвење
- Користете го со сосови,
- преливи за салата,
- поросувања,
- печива или преливи чоколадо или сладолед.
Грижа за телото
- Го подобрува природниот изглед на кожата
- Спречува опаѓање на косата
*Содржината е дадена само за општи информации. Се препорачува да се консултирате со професионален нутриционист пред употреба.
Поширана пастрмка со лимон со додаток од варен зеленчук и компири со путер
Користете го готвачот на пареа на повеќе нивоа
Готвење
Состојки
- Похувана пастрмка со лимон
- 4 филети свежа пастрмка
- сол
- бел пипер
- 1 лажица маслиново масло
- 4 резени лимон
Зеленчук варен на пареа како гарнир
- 1 тиквичка половина праз
- 1/4 свежа црвена пиперка
- едно парче келераба
- сол
- 1 лажичка копар
- 1 лажичка путер
Компири на путер
- 4 компири
- сол
- едно гранче рузмарин
- 5 dl вода или супа од зеленчук
- путер
Подготовка
Похувана пастрмка со лимон (користете го највисокото ниво од готвачот на пареа):
- Истријте ја пастрмката со сол и бибер, намачкајте ја со масло и обложете ја со резени од лимон.
- Ставете ја во фрижидер и подгответе ги другите јадења.
страна за зеленчукот варен на пареа (користете го средното ниво од садот за готвење на пареа):
- Исчистете го и исечете го зеленчукот.Препорачуваме зеленчукот да се жулинира, односно да се сече на парчиња со големина на кибрит.
- Исечете ги тиквичките на стапчиња долги 4 см и со ширина од 5 мм; келерабата и пиперката ајварка исечкајте ги на стапчиња долги 4 см и со ширина од 2 мм, а празот исечкајте го на ленти долги 4 см и на малку пошироки лентички.
- Ставете го сечканиот зеленчук во горниот перфориран сад.
- Зачинете со сол, потурете со копар и обложете го зеленчукот со парчиња путер.
компири на путер (користете собирач за течност):
- Излупете ги компирите и исечете ги на поголеми парчиња.
- Ставете ги компирите во долниот неперфориран сад.
- Зачинете ги компирите со сол.
- Врз компирите ставете рузмарин и додадете 5 dl вода или супа од зеленчук. Откако ќе се свари компирот, додадете го путерот.
Подготовка и готвење
Над плехот со компири ставете го перфорираниот сад со зеленчукот. Потоа, одозгора ставете го најголемиот перфориран сад. Ставете ја рибата во горниот сад и покријте ја со капакот. Ставете ја кулата од садови за готвење на пареа во длабок плех за печење на решетката на дното во рерната претходно загреана на 155 °C. Гответе 40 минути.
Пилешко завиткано во ленти од сланина со борови ореви и сладок крем од праз со овошје
Користете го готвачот на пареа на повеќе нивоа
Готвење
Состојки
Пилешко завиткано во сланина
- 1 големо парче пилешки гради без коски
- сол, бел бибер
- 1 голем морков
- 2 лажици кисела павлака
- 1 лажица суво бело вино
- прстофат мајоран
- 8 парчиња чадена сланина
- количества
Кнедли со борови ореви и праз
- 10 dag брашно
- 1 лажичка масло
- 75 cl вода
- 2 лажици борови ореви
- 1 стебленце праз
- 1 лажица путер
- сол
- 10 dag урда
- 1 јајце
Крем од мед со овошје
- 2 лажици ливадски мед
- 1 пакување ванилин шеќер
- 2 жолчки
- 1 цело јајце
- 2 dl густа павлака
- 2 конзервирани праски
- 8 конзервирани вишни
Подготовка
Пилешко завиткано во сланина (користете сад за собирање течност):
- Пилешките гради исечкајте ги по должина и од месото формирајте тенки шницли.
- Покријте го пилешкото со цврста фолија и исчукајте ги за да се изедначат шницлите по дебелина.
- Обликувајте ги во вид на правоаголници и зачинете ги со сол и бибер.
- Преостанатото пилешко месо ситно исечкајте го и измешајте го со изрендан морков, павлака, вино, мајоран и со сол во вид на мазна паста.
- Рамномерно распоредете ја пастата врз пилешките шницли и виткајте ги во ролат.
- Завиткајте ги ролатчињата со сланина, а потоа цврсто завиткајте ги во фолија и врзете ги.
- Ставете ги во долниот, неперфориран плех.
- Прелијте ги со вода или со супа.
Штрудла со борови ореви и праз (користете го средното ниво на готвачот на пареа):
- Соединете ги брашното, маслото и водата, во тесто.Користете електричен миксер за поголема практичност.
- Тестото е готово кога ќе може да се обликува во меко топче.
- Додадете масло и оставете го да отстои на чинијата 20 минути.
- Во тава испечете ги боровите ореви без никаква маснотија.
- Потоа додадете путер и исечкан праз.
- Се динста додека празот не омекне.
- Префрлете го сето ова во еден сад.
- Додадете урда и промешајте.
- Потоа, додадете го јајцето и зачинете со сол.
- Фино развлечете го тестото и премачкајте го со филот.
- Свиткајте ја штрудлата, внимавајќи да не биде подебела од 5 см.
- Завиткајте ја штрудлата во влажна газа за сирење и варете ја во средниот перфориран сад.
Крем од мед со овошје (користете го горното ниво на садот за готвење на пареа):
- Намачкајте шест мали рамекини (мали садови за одделно консумирање) со путер.
- Изматете ги медот, ванилиниот шеќер и двете жолчки.
- Додадете го целото јајце и изматете го сето ова во пена.
- Додадете ја густата павлака и повторно измешајте.
- На дното на рамекините распоредете ги ситно исечените праски и целите вишни.
- Смесата прелијте ја врз овошјето, покријте ја со алуминиумска фолија и ставете ја во горниот сад.
Подготовка и готвење
- Наредете ги садовите во вид на кула.
- Ставете ја кулата во длабок плех за печење на долната решетка во рерната, претходно загреана на 165°C.
- Гответе 60 минути.