-
Ладење и замрзнување
-
Самостојни фрижидери
СВЕЖИНА СЕКОГАШ ПРИ РАКА
-
Самостојни комбинирани фрижидери
ВИСТИНСКИОТ ЗА ВАС
-
Side by Side
ГОЛЕМ КАПАЦИТЕТ
-
Retro
УЖИВАЈ ВО РЕТРО ДЕНЕС
-
Ладилници
ОСВЕЖУВАЧКИ ГОЛЕМИ
-
Вградни фрижидери
-
Вградни замрзнувачи
БЕСПРЕКОРНО ИНТЕГРИРАНО, СОВРШЕНО ЗАМРЗНАТО
-
Вертикални замрзнувачи
ПРАВИЛНО ЗАМРЗНУВАЊЕ
-
Хоризонтални замрзнувачи
ПОВЕЌЕ ПРОСТОР ЗА ЗДРАВА ЗАМРЗНАТА ХРАНА
- Ледомати
-
Самостојни фрижидери
-
Перење и сушење алишта
Нека одржувањето алишта биде едноставно.
-
Миење садови
За совршен резултат
-
Готвење и печење
- Вградни рерни
- Вградни плочи за готвење
- Вградни сетови
- Аспиратори
- Шпорети
- Микробранови печки
- Преносни индукциски плочи
- Повеќенаменски апарати за готвење
- Скари и контактни грилови
- Апарати за правење леб
- Додатоци за апарати за готвење
OmniFlex индукциски плочи -
Подготовка на храна
- Кујнски роботи
- Мултипрактици
- Тостери
- Миксери
- Блендери
- Сецкалки
- Апарати за мелење на месо
- Резачи
- Бокали за вода
- Апарати за кафе
- Дехидратори за сушење храна
- Соковници и цедачи на агруми
- Кујнски ваги
- Садови за готвење
- Лепачи на кеси
- Додатоци за апарати за подготовка на храна
Апарати за здрави сокови -
Дом и лична нега
- Правосмукалки
- Пегли и генератори на пареа
- Oвлажнувачи и одвлажнувачи на воздух
- Ваги за телесна тежина
- Апарати за нега на коса
- Додатоци за апарати за дом и лична нега
Ефикасни правосмукалки -
Греење и ладење на домот
За удобност на удобен дом
-
Hisense клима уреди
Inverter Expert
- MK
- Омилени
- Најави се Најави се
- Кошничка
- Пребарувајте
Добре дојдовте назад. Anonymous!
Почитуван кориснику, ги надградивме нашите безбедносни системи и овозможивме еднократно најавување за сите наши брендови. Акцијата беше преземена за да се подобри заштитата на нашите дигитални платформи и да ви овозможи беспрекорно да се движите помеѓу нашите брендови. Како дел од безбедносната надградба, ресетирајте ја лозинката за вашата сметка на Мое Горење од 03.10.2024 година.
Ако веќе сте ја ресетирале лозинката, не се потребни нови дејства.
Ако немате сметка на Мој Хајсенс, прво треба да се регистрирате. Ви благодариме.
Регистрирајте ја Вашата нова сметка на mk.gorenje.com и поедноставете го вашето искуство при купување и при изборот на производи:
- Регистрирајте ги вашите апарати за да ги имате сите податоци на едно место
- Проширете ја регистрацијата на вашиот апарат
- Брз, едноставен и транспарентен систем за поплаки
- Сите информации за апаратите што ги користите
- Уживајте во лесното онлајн купување
- Управувајте со претплата за билтен за е-пошта
- И многу повеќе
Најавете се со сметка од социјални медиуми
Или најавете се со Вашите податоци.
Богат волумен за модерен изглед
Лежерна и софистицирана - одбирајќи сино вие сте одлучиле да се трансформирате во вистинска дама. Дали сте подготвени за важниот настан? Или би сакале да бидете едноставно шик како кралица? Направете совршена фризура со долготраен волумен.
Нема потреба да одите на фризер секој ден ако сакате вашата коса да свети и и да се вее со богат волумен долго време. Започнете го новиот ден елегантно, со богат волумен што можете да го направите дома. Проверете како брзо и едноставно да постигнете совршен резултат со апаратите од Gorenje Beauty колекцијата.
Фризура со богат волумен во 5 чекори
Дали правењето волумен ви предизвикува тешкотија? Подготвивме неколку основни трикови за мазна и богата фризура со совршен волумен.
Завиткајте ја измиената коса со крпа на неколку минути. Потоа исчешлајте ја и втријте малку пена за волумен во косата додека е уште влажна. Насочете го протокот на воздух од фенот кон коренот на косата додека ја сушите и поткренете ги одделните прамени со Вашите прсти. Ова е најлесниот начин да се надмине влажноста и да се создаде повеќе волумен.
Сушењето на косата е поефикасно ако тоа го правите прамен по прамен. Прво, разделете ја косата на два дела на задната страна од Вашата глава така што ќе ја повлечете косата со показалците над ушите. Заврзете го горниот слој и добро чешлајте го подолниот дел.
Поставете голема четка под праменот коса што е 2-3 сантиметри широк и што се наоѓа блиску до скалпот. Насочете го воздухот од фенот подалеку од скалпот и исушете го секој прамен коса со бавно лизгање на четката покрај него. Важно е да не ја сушите косата право надолу туку да ја поткревате во насока на вистинскиот агол.
Ако сакате да додадете малку нежен брановит изглед на косата како додаток на волуменот, користете дифузер. Откако ќе го поставите дифузерот, топлиот воздух што циркулира ќе ви помагне да ја обликувате фризурата. Ако го допрете скалпот со него, може исто така да го користите и како масажер.
Кога косата е комплетно сува, овозможете и да сјае уште повеќе. Брзо исушете го горниот слој повторно со четка и користете ја функцијата на фенот за ладен воздух. Ова ќе ја направи фризурата поцврста и ќе создаде мек и сјајен изглед.
Брзи совети за создавање волумен
Со оглед на тоа дека косата понекогаш едноставно одбива да ве „слуша“, правењето фризура ви предизвикува тешкотија.
Не се одвива сѐ според планот? Без паника, дури ни најголемите професионалци не успеваат секогаш. Прашавме професионален фризер за совет за вашата најголема мака поврзана со правење совршен волумен. Погледнете ги советите за тоа како да направите богата фризура дома.
Иако мојата коса има забележителен волумен веднаш по сушењето, тој брзо опаѓа. Како можам да го зачувам волуменот во текот на целиот ден?
Една од главните грешки е кога не ја сушите косата целосно. Ако вашата коса сѐ уште е малку влажна на допир по сушењето, ќе ја изгуби посакуваната форма додека се суши на воздух. Ова може да се реши со сушење на косата со кружна четка и со нанесување пена или друг производ за создавање волумен на влажната коса пред да почне да се суши на воздух, за да трае фризурата подолго.
Мојата коса е секогаш наелектризирана по сушењето со фен. Како може да се скроти?
Електризирањето на косата е често поврзана со прекумерно сушење. Затоа треба обрнете внимание кога во текот на сушењето косата е сува и во тој момент да престанете да ја сушите. Понатамошното сушење ќе ја пресуши косата и на тој начин се создава статички набој што ќе се одрази во вид на наелектризирана фризура. Фенот за коса со технологија на активни јони, каква што е Power Care во Ionic Care фенот за коса од Gorenje Beauty колекцијата, помага да се спречи електризирањето на косата. Јоните ќе помогнат да се спречи создавање статички набој и ја прават Вашата коса сјајна и мирна.
Мојот скалп секогаш ме пецка кога ќе ја исушам косата со фен и затоа повеќе сакам да избегнувам сушење со фен. Дали постои алтернативен начин да се направи раскошна фризура?
Современите фенови за сушење коса најчесто ви овозможуваат да ја наместите температурата на сушење што најдобро ви одговара, па затоа не мора да се грижите за непријатното чувство при фенирање. Ако вашиот скалп сѐ уште е иритиран и покрај тоа што фенот е поставен на пониска температура, веројатно го држите премногу блиску до скалпот. Идеалното растојание на кое треба да се држи фенот за коса е 20 см од скалпот. Исто така, треба постојано да го придвижувате фенот кога ја сушите косата, за да избегнете насочување на топол воздух на само една точка на скалпот и, следствено, чувство на иритирање на скалпот.
Кое поставување на температура за сушење би требало да ја изберам за мојата коса?
Поставувањето на соодветна температура за сушење е многу важно, ако сакате да го спречите оштетувањето на косата. Можете да поставите повисока температура за посилна и подебела коса, а треба да користите малку пониска температура за сушење за послаба, кршлива или оштетена коса. Дури и ако сте во брзање, избегнувајте високи температури на сушење и забрзајте го тоа со користење на малку посилен проток на воздух од фенот за коса.
Како можам да го користам кружниот дифузер со столбови што беше спакуван со фенот за коса?
Дифузерот за волумен е голем додаток спакуван со фенот за коса што се користи за создавање поголем волумен на брановидната и кадрава коса. Додатокот ќе обезбеди поширока дистрибуција на воздухот од фенот за коса и на тој начин нежно ќе ги исуши прамените кои се обвиткани околу столбчињата на дифузерот. Така, ако ја исушите косата со дифузер, вашата брановидна фризура ќе биде побогата бидејќи ќе го избегнете силниот проток на воздух кој ќе ја исправи природно брановидната коса.
Смирувачки сина
Го обоивте вашиот ден во сино. Што значи тоа?
Сината е боја на мир и на хармонија рефлектирајќи ја сериозноста со нота на отменост. Вашиот избор на боја покажува дека сте зрела, темелна и интелигентна личност, со јасно поставени цели. Ги прифаќате своите постапки и одлуки самосвесно и одговорно, а со тоа и другите гледаат во Вас сигурна личност. Бидејќи сината, исто така, го одразува високиот степен на способност за комуникација и означува веродостоен изглед, елегантната фризура со богат волумен најдобро одговара на вашиот избор на боја.