ВРЕМЕ Е ЗА ОСВЕЖУВАЊЕ
Уживајте во FIFA World cup Qatar 2022TM

Навивањето никогаш не било толку освежувачко

Ние сме најголемите фанови на….освежувањето! Затоа се трудиме вам да ви ја дадеме најдобрата можна понуда пред да започне најжешкиот спортски настан оваа година. Дали сте подготвени за освежување? Ние сме подготвени, бидејќи сме и официјален спонзор за фрижидери, замрзнувачи и клима уреди на FIFA World Cup Qatar 2022™. Така, кога ќе започне најжешкиот настан оваа година, можете да се освежите со вашиот најкул фрижидер од Gorenje.

Останете „кул“, дури и кога ќе се вжешти ситуацијата на теренот, со Gorenje.


Погледнете како нашиот фудбалски судија ве праќа да се... разладите


Функции за освежување:

AdaptTech
Комбиниран фрижидер што ги препознава вашите навики
Овој паметен систем е развиен за да одржува постојана температура во фрижидерот без разлика колку често ја отворате вратата на фрижидерот. Ладилникот постојано следи како го користите и ја управува температурата, со цел да спречи покачување на температурата за да се осигури дека храната останува свежа и за да се намали потрошувачката на енергија.
IonAir со MultiFlow 360° функција
Идеална микроклима на секоја полица
Напредната технологија во ладилниците ја пресликува природната микроклима за да се осигура дека храната ќе остане свежа подолго време. Негативно наелектризираните јони генерирани од страна на апаратот континуирано го освежуваат воздухот за да ја имитира природната микроклима и со тоа да се креира идеална средина за свежа храна. Вентилацискиот систем MultiFlow 360° еднакво го дистрибуира јонизираниот воздух преку 14 вентилациски отвори за да се одржи константна температура на секоја полица.
NoFrostPlus технологија
Нема повеќе здодевно одмрзнување
Еден од најдобрите системи за ладење на пазарот, инсталирани во преградата за замрзнувач, го спречува натрупувањето на мраз за да се одржи ниско ниво на потрошувачка на енергија, додека во одделот за ладење, тоа одржува идеална микроклима за свежа храна. Циркулацијата на јонизиран воздух ја заштитува храната од исушување и ги задржува во неа витамините и минералите.
Convert FreshZone
Подготвени за секоја пригода
Оваа корисна фиока лесно се трансформира од фиока за риба и месо во фиока за овошје и зеленчук, така што лесно можете да ги чувате сите ваши свежи производи.
CrispZone со HumidityControl
Свежо како од градина
Пространата фиока CrispZone е дизајнирана да ги зачува хранливите материи и да ја продолжи свежината на вашите намирници благодарение на ниската температура и опцијата за прилагодување на нивото на влажност.
SensoTech прекинувач
Лесна контрола на ладилникот и замрзнувачот
Големиот и јасно распореден ЛЕД дисплеј овозможува моментална контрола на параметрите за температура. Функциите како што се FastFreeze и HolidayMode може да се вклучат со еден едноставен допир. Во случај на ненадеен пораст на температурата, вградениот аларм веднаш ќе ве предупреди.
FastFreeze
Брзо замрзнување
Функцијата FastFreeze ја замрзнува храната на -24°C за да ги зачува сите хранливи материи во храната. По приближно 2 дена, функцијата автоматски се исклучува и температурата во замрзнувачот се враќа на претходно поставената температура.
SlotIn
Нема ограничувања при отворање на вратата
Заради функционалноста на отворање на вратата на ладилникот под прав агол, сите полици и фиоки можат целосно да се извлечат. Ова решение е идеално за фрижидери поставени до страничен ѕид, до работна површина или до друг апарат.
LedLight
Ефикасно осветлување кое обезбедува добра транспарентност
ЛЕД осветлувањето во фрижидерот овозможува одлично и исклучително ефикасно осветлување. Корисниот век на траење е триесет пати подолг во споредба со класичното светло и заштедува до десет пати повеќе електрична енергија.

Запознајте ги љубителите на свежината и одберете го вашиот фаворит